Џина Б. Нахај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Џина Бархордар Нахај (Gina Barkhordar Nahai ; Техеран, 9 декември 1960) е американска писателка родена во Иран. Се образувала во Швајцарија и во Соединетите Американски Држави.

Биографија[уреди | уреди извор]

Џина Бархордар Нахај е родена и пораснала во Иран за време на владеењето на Мухамед Реза Пахлеви.[1] Државата ја напуштила со семејството набрзо по исламската револуција. Едната баба ѝ била Французинка, а другата Еврејка. Кога имала тринаесет години, се запишала во приватен интернат во Швајцарија, по што во 1977 година се преселила во Соединетите Американски Држави. Се сеќава дека тој ден починал Елвис Присли. Родителите подоцна ѝ кажале дека никогаш нема да се врати во Иран. На Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес студирала политички науки, што вклучува и предреволуционерно и после револуционерна политика на Иран. Прво ги завршила основните студии, а потоа и магистрирала. Нахај зборува повеќе јазици: персиски, англиски, француски и шпански.

Како чест предавач на темата историја на Евреите во Иран и темата егзил, се занимавала со проучавање на иранската политика за министерство за одбрана на Соединетите Американски Држави. Покрај тоа, работи на Универзитетот во Јужна Каролина како професор за креативно пишување и член е на бордот на директори на „Пен“ центарот на западниот огранок на САД. Со сопругот и трите деца живее во Лос Анѓелес.

Изданија и награди[уреди | уреди извор]

Џина Нахај е авторка на четири книги и еден есеј:

Ги добила и следниве награди:

  • 1985: Награда Нелсон Алгрен, Чикаго магазин
  • 1999: Најдобра книга на годината, Лос Анѓелес тајмс
  • 2001: Најдобра книга на годината, Лос Анѓелес тајмс
  • 2002: Награда Сајмон Рокоуер
  • 2007: Најдобра книга на годината, Чикаго трибјун
  • 2008: Награда персиски наследник
  • 2013: Најдобра колумна, ЛА прес клаб

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Review of "Caspian Rain"“, Paste Magazine, 17 септември 2007 (посет. 28 мај 2013 г).