Џигај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жената на Онодера Џунај се подготвува за самоубиство

Џигај (јапонски: 自害, самоубиство) — ритуал на самоубиство што може да важи и за жени и за мажи од семејства на самураите.

Некои жени кои припаѓаат на семејство на самураите, се самоубивале со сечење на вените со посебен ритуален нож танто или каикен. Главната цел била да се постигне брза и безбедна смрт за да се избегне заробување. Пред самоубиството се врзувале колената за да го направи своето тело во достоинствена положба со споени нозе кои ќе биде пронајдено по нејзината смрт. Џигај, често се употребувало и поради избегнување на силување.