Џибрил Сидибе (француски фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џибрил Сидибе
Во дресот на Франција 2018
Лични податоци
Полно име Џибрил Сидибе
Роден на 29 јули 1992(1992-07-29)(31 г.)
Роден во Троа, Франција
Држава Франција Франција
Висина 1.82 м (6 ст 0 ин)
Позиција одбранa
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 19
Младинска кариера
2000–2010 Троа Троа
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2012 Троа Троа 41 (1)
2012–2016 Лил Лил 96 (7)
2016- Монако Монако 81 (4)
2019-Евертон Евертон 0 (0)
Репрезентација
2011–2013 Франција Франција 20 10 (0)
2013 Франција Франција 21 1 (0)
2016– Франција Франција 7 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 8 April 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 25 March 2017

Џибрил Сидибе (роден на 29 јули 1992 во Троа) — француски фудбалер, играч од одбраната на Евертон на заем од Монако и на француската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Џибрил Сидибе игра на позицијата лев или десен одбранбен играч, но исто така може да биде користен и во средниот ред. Тој ја започна својата кариера во родниот град во тимот на Троа во 2000 година на 8 годишна возраст.[1] Сидибе го имаше своето деби во за тимот на Троа во текот на шамионатот во сезоната 2009–10 каде што клубот настапуваше во третата француска дивизија. Тој го направи своето професионално деби на 17 септември 2010 година на натпреварот против Гренобл.[2]

Лил[уреди | уреди извор]

Откако ѝ помогна на Троа да се врати во Лига 1, Сидибе како 19 годишно момче потпиша за Лил во јули 2012 година, како замена за Матие Дебуши.[3] Сидибе го имаше своето деби за Лил, на 25 август 2012 година против Ница, и тоа беше прв негов настап како стартер во Лига 1 и тој тоа го означи со постигнувајќи на гол во 59 та минута со изедначување на 2-2.[4][5] Во Лил во сезоната 2012–13 на мечот број 5 против Бате Борисов во Минск на 20 ноември, Сидибе му помогна на Лил да издвојува победа, после поразот од првиот меч во Франција со резултат 3-1. Сидибе беше исклучен во второто полувреме, но Лил го одржа водството и победи со 2-0 победа, и со тоа обезбеди доволно бодови за следната фаза групата од Лигата на Шампионите 2012-13 година.[6]

Сидибе постигна гол за израмнување, за Лил против Париз Сен Жермен во купот на Франција 2016 година, но сепак ПСЖ го доби натпреварот со 2-1.

Монако[уреди | уреди извор]

2016-2017 сезона[уреди | уреди извор]

На 8 јули 2016 година, Сидибе се придружи на Монако со пет годишен договор.[7] На 22 ноември, Сидибе го постигна првиот гол преку асистенција на Бенџамин за првиот гол на Монако во 48 минута и му овозможи на Томас Лемар во 53-та минута да постигне гол за Монако и да го поразат Тотенхем со 2-1 дома во сезоната 2016-17 во групната фаза од Лигата на шампионите во групата Е во натпревар од 5 коло и да го обезбеди Монако дека ќе заврши на врвот на групата Е .[8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Сидибе не беше дел од фудбалската репрезентација на Франција на УЕФА Евро 2016. [9]

На 25 август 2016 година, Сидибе првпат беше повикан во селекцијата на Франција за пријателскиот натпревар против Италија и за квалификациите за светското првенство во 2018 година против Белорусија.[10] Своето деби го направи на 1 септември на стадионот на фудбалскиот клуб Бари Св Никола одигрувајќи го целиот меч во победата со 3–1 .[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Les bons débuts de Djibril Sidibé!“ (француски). L'Est Eclair. 5 July 2010. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 17 September 2010.
  2. „Grenoble v. Troyes Match Report“ (француски). Ligue de Football Professionnel. 17 September 2010. Посетено на 17 September 2010.[мртва врска]
  3. „Lille seal Sidibe capture“. ESPNFC. 25 July 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 2017-05-03.
  4. „OGC NICE 2 - 2 LOSC“. LILLE OSC. 25 August 2012. Архивирано од изворникот на 2014-07-26. Посетено на 2017-05-03.
  5. „OGC Nice 2-2 LOSC Lille“. LFP. 25 August 2012.
  6. „LOSC boys drain the life from BATE“. UEFA. 20 November 2012.
  7. „Djibril Sidibé pour 5 saisons“. AS Monaco. Архивирано од изворникот на 2018-06-12. Посетено на 2017-05-03.
  8. „AS Monaco vs Tottenham Hotspur 2016-2017 UEFA Champions League group stage Group E match summary“. www.uefa.com. 22 Nov 2016.
  9. „N'Golo Kante in France's Euros squad; Lacazette, Gameiro, Ben Arfa miss out“. espnfc.co.uk. 12 May 2016. Посетено на 10 June 2016.
  10. „Corchia, Kurzawa et Sidibé appelés pour affronter l'Italie et la Biélorussie, pas Evra“. lefigaro.fr. 25 August 2016.
  11. „Italy vs. France - 1 September 2016 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 2016-09-05.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]