Комина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џибра)
Комиње од шардоне после пресувањето

Комина (често комиње) или џибра[1] — остаток од овошјето, обично од грозје по гмечењето, кој се остава да ферментира по што се точи вино, се вари ракија и сл.[2]. Комињето се добива од добро узреани плодови кои се гмечат и се ставаат во садови каде ферментираат во одреден период. Садовите каде ферментираат плодовите треба да бидат од материјал кој не реагира на плодовите киселини.

Коминарката, ракија која се добива од гроздово комиње, го добила името според комината.

По дестилацијата комината претставува отпад кој може да се искористи како органско ѓубриво[3] или како влезна суровина во алтернативни извори на енергија.[4]

Комина во македонските поговорки[уреди | уреди извор]

  • Здравје и топол сомун, и од комиње вода.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]