Џејмс Мекарти

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џејмс МекКарти)
Џејмс Мекарти
James McCarthy
Лични податоци
Роден на 12 ноември 1990(1990-11-12)(33 г.)
Роден во Глазгов, Шкотска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 16
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2009 Хамилтон Академикал Хамилтон А. 95 (13)
2009–2013 Виган Атлетик Виган Атлетик 120 (7)
2013– Евертон Евертон 104 (6)
Репрезентација
2010– Република Ирска 41 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 1 јули 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2017

Џејмс Мекарти (роден на 12 ноември 1990 г.) — професионалeн фудбалер кој игра за англискиот клуб Евертон и за репрезентацијата на Република Ирска како играч од средниот ред.

Мекарти направил повеќе од 100 настапи за Хамилтон како тинејџер, пред да биде доведен во Виган во 2009 година за 1.2 милиони фунти. Иако роден и израснат во Шкотска, Мекарти го направил своето сениорско деби за Република Ирска на 26 март 2011 година во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2012 против Македонија. Тој бил дел од составот на Република Ирска на Европското првенство 2016.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Џејмс Мекарти во мај 2009

Мекарти е роден и израснал во Глазгов, Шкотска. Тој е најмалото дете на Вили и Мари Мекарти,[1] и бил ученик на Свети Маргарет Мерис средното училиште во Кестлмилк[2] Тој израснал како голем навивач на Селтик и подоцна ќе се проба во нивните младински категории, но бил одбиен поради големиот број на играчи во клубот кој веќе биле донесени.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Хамилтон[уреди | уреди извор]

Мекарти го направил своето деби за Хамилтон против Квин оф д Саут како замена на 30 септември 2006 година,[1] станувајќи најмладиот играч кој заиграл за Хамилтон во XXI век. Неговиот прв целосно одигран натпревар дошол против Ердри Јунајтед на 11 ноември 2006 година; еден ден пред неговиот 16-ти роденден. На 6 јануари 2007 година, на 16 години и 55 дена, Мекарти станал најмладиот стрелец досега во историјата на Хамилтон, кога тој постигнал гол во поразот против Ливингстон во Шкотскиот куп.

На 17 мај 2008 година, по завршување на сезоната во која неговиот клуб изборил промоција во Шкотската Премиер лига, Мекарти потпишал нов тригодишен договор со клубот.[3] Тој ја добил наградата SPFA млад играч на годината награда за сезоната 2008-09.[4]

Виган Атлетик[уреди | уреди извор]

Мекарти во посед на топка

Хамилтон ја прифатил понудата за Мекарти од Виган Атлетик на 16 јули 2009.[5] Тој го завршил трансферот во Виган на 21 јули, потпишувајќи пет-годишен договор, а се верува дека сумата изнесувала не повеќе од £ 1,2 милиони фунти. Од клубот би можеле да добијат дополнителни исплати во зависност од бројот на настапи [6] Мекарти го направил своето деби за Виган на 22 август 2009 година, откако во 74-та минута влегол како замена во поразот со 5-0 од Манчестер Јунајтед. Тој го постигнал својот прв гол за Виган во победата од третото коло од ФА Купот против друг клуб од Премиер лигата Хал Сити на 2 јануари 2010 година,[7] и го одбележал својот прв старт во Премиер лигата со гол во победата од 2-0 нагости кај Вулверхемптон на 16 јануари 2010 година.

По импресивниот старт на сезоната 2010-11, тој зарабортил сериозна повреда на глуждот против Болтон на 23 октомври 2010 година,[8] која го вади надвор од акција за три месеци. Тој постигнал гол на неговото враќање во почетната постава против Астон Вила на 25 јануари 2011.[9] На 5 февруари 2011 година, Мекарти постигна два гола во победата од 4-3 против Блекбурн Роверс.[10] Подоцна овој месец, Мекарти бил во центарот на контроверзии во поразот на Виган со 4-0 од Манчестер Јунајтед откако бил удрен со лакт од страна на напаѓачот на Јунајтед Вејн Руни. Бил досуден слободен удар за Виган по инцидентот, но Руни не добил дополнително казнување. Иако Мекарти бил пофален за останувањето на нозе по судирот,[11] тимскиот колега од Виган и капитенот Гери Колдвел сметал дека Руни би бил исклучен доколку Мекарти изреагирал со тркалање по тревата и болна гримаса.[12]

Во август 2011 година, Мекарти потпишал нов петгодишен договор со клубот.[13] Тој бил дел од тимот на Виган Атлетик кој го совлада Манчестер Сити во финалето на ФА купот 2013; станувајќи првиот Ирец кој го освоил ФА купот по цели седум години ; потоа тој го поздравил својот менаџер Роберто Мартинес, нарекувајќи го "тактички гениј".[14] Но сепак крајот на сезоната 2012-13 не бил баш толку сладок за Виган, бидејќи клубот по триумфот во ФА купот се соочил со испаѓање од Премиер лигата завршувајќи на 18. место. Тоа резултирало со заминување на менаџерот Мартинес во Евертон.

Евертон[уреди | уреди извор]

На 2 септември 2013 година, Мекарти му се придружил на својот доскорашен менаџер во Виган, Роберто Мартинес во Евертон, потпишувајќи долгорочен договор вреден 13 милиони фунти.[15] Тој станал четвртиот играч од Виган кој се преслил во Евертон тоа лето по Аруна Коне, Антолин Алкараз и Хоел Роблес. Мекарти бил доведен како замена за Маруан Фелаини кој заминал во Манчестер Јунајтед истиот ден.[16]

Титули[уреди | уреди извор]

Шкотска Хамилтон[уреди | уреди извор]

Англија Виган Атлетик[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Лице на иднината“. Independent.ie. 21 December 2007. Посетено на 7 January 2011.
  2. 2,0 2,1 „Нето вредност“. Herald Scotland. 13 January 2007. Посетено на 7 January 2011.
  3. „Мекарти продолжува со Хамилтон“. BBC Sport. 17 мај 2008. Посетено на 17 May 2008.
  4. Празен навод (help)
  5. Lindsay, Clive (20 јули 2009). „Мекарти се согласи на трансфер во Виган за £1.2m“. BBC Sport. Посетено на 5 јануари 2010.
  6. „Мекарти го комплетираше трансферот во Виган“. BBC Sport. 21 јули 2009. Посетено на 21 јули 2009.
  7. „Виган 4–1 Хал“. BBC Sport. 2 јануари 2010. Посетено на 2 јануари 2010.
  8. „Менаџерот на Виган потресен од повредата на Џејмс Мекарти“. BBC Sport. 23 октомври 2010. Посетено на 23 октомври 2010.
  9. „Виган - Астон Вила 1-2“. BBC Sport. 25 January 2011. Посетено на 26 January 2011.
  10. „Виган - Блекбурн 4-3“. BBC Sport. 5 февруари 2011. Посетено на 25 јуни 2011.
  11. Хансен, Алан (28 февруари 2011). „Ударот на Вејн Руни со лактот в лице на противнички играл може да го чини Манчестер Јунајтед титула ако ФА одлучи да го казни“. Лондон: Telegraph. Посетено на 25 јуни 2011.
  12. „Џејмс Мекарти беше премногу искрен откако Вејн Руни го удри со лактот“. Goal.com. 1 March 2011. Посетено на 25 June 2011.
  13. „Три нови договори се потврдени“. Виган Атлетик. 23 август 2011. Посетено на 13 септември 2011.
  14. „Мекарти го поздрави Мартинес нарекувајќи го ганиј“. RTÉ Sport. 11 мај 2013. Посетено на 11 мај 2013.
  15. „Blues Confirm Five Deals“. Everton. 2 September 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-05. Посетено на 2 September 2013.
  16. Евертон го доведе Џејмс Мекарти од Виган