Џејмс Маклеин
Џејмс Маклеин | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 22 април 1989 | ||
Роден во | Дери, Северна Ирска | ||
Држава |
![]() ![]() | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007–2008 |
![]() | 1 | (0) |
2008–2011 |
![]() | 78 | (18) |
2011–2013 |
![]() | 59 | (7) |
2013–2015 |
![]() | 73 | (9) |
2015–2018 |
![]() | 99 | (4) |
2018–2021 |
![]() | 102 | (12) |
2021–2023 |
![]() | 79 | (12) |
2023– |
![]() | 65 | (6) |
Репрезентација | |||
2009-2010 |
![]() | 7 | (0) |
2012- |
![]() | 103 | (11) |
Џејмс Маклеин (англиски: James McClean) — ирски фудбалер, роден во Северна Ирска, крило на Рексам и на ирската репрезентација.
Тој играл за младата репрезентација на Северна Ирска до 21-на година, но за своја сениорска репрезентација ја избрал селекцијата на Република Ирска.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Сандерленд
[уреди | уреди извор]Во својата кариера Маклеин играл за тимовите на Институт во Северна Ирска и Дери Сити во Република Ирска пред да стигне во Сандерленд во август 2011 година. Тој потпишал за Сандерленд кога на клупата бил менаџерот Стив Брус, но сè додека тој бил водич на клубот, Меклеин не запишал ниту еден меч. Откако Брус бил отпуштен, и на неговото место дошол новиот менаџер Мартин О'Нил, МекКлеин доби шанса да дебитира во Премиер лигата и станал редовен член во првиот тим на црните мачки. Тој дебитирал за Сандерленд на 11 декември 2011 против Блекбурн, во првиот натпревар на Мартин О'Нил како менаџер на овој клуб. Својот прв гол во Премиер лигата за Сандерленд тој го постигнал на 3 јануари 2012 против Виган Атлетик во победата нагости со 4-1. Нешто подоцна, Маклеин го постигнал единствениот гол во мечот со Стоук Сити на Британија во снежни услови за да донесе победа за неговиот тим од 1-0. Само една недела подоцна тој го отворил резултатот и во натпреварот против Арсенал, кога Пер Мертезакер лошо згазнал и самиот се повредил оставајќи му ја топката да излезе сам пред голманот, но сепак Сандерленд на крајот загубил со 1-2.[1]
Виган Атлетик
[уреди | уреди извор]На 8 август 2013, Маклеин потпишал тригодишен договор со неодамна испаднатиот клуб од Премиер лигата, Виган Атлетик.[2] Своето деби за новиот клуб го направил на 11 август во поразот од Манчестер Јунајтед со 2-0 во Комјунити Шилд натпреварот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sinnott, John. „Sunderland 1 -2 Arsenal“. BBC Sport. BBC. Посетено на 11 February 2012.
- ↑ „МекКлеин станал десеттото летно засилување“. ФК Виган Атлетик. 8 август 2013. Посетено на 9 август 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џејмс Маклеин на soccerway
- Џејмс Маклеин на Transfermarkt
- Џејмс Меклеин на Goal.com Архивирано на 27 мај 2013 г.
- Џејмс Маклеин на ESPN
- Џејмс Маклеин на whosocered