Џејда Дувенџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 16 април 1977 (1977-04-16) (41 г.)
Бурса, Турција
Националност Турчинка
Познат по улогата во:
1001 Ноќ
Занимање глумец
Сопружник Кан Гиргин (2000-2002)
Енгин Акгун (2008-2013)[1]
Булент Шакрак (2015-денес)
Татко Исмаил Дувенџи
Мајка Исмаила Дувенџи


Џејда Дувенџи (родена на 16 април 1977 година во Бурса) — турска филмска и театарска актерка. Најголема слава има достигнато со улогата на Бену Атаман во турската серија 1001 Ноќ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Џејда Дувенџи е родена на 16 април 1977 година во Бурса, Турција, како единствената ќерка на Исмаил Дувенџи и Исмаила Дувенџи. Средното училиште го завршила во Кадиќој Анадолу Лисеси, а дипломирала на Универзитетот Мармара. Во 1995 година глумела во серијата Palavra Aşklar. Во 1997 учествувала во натпреварот за убавина во Турција. Во 2002 се омажила за Кан Гиргин по кое направила пауза во глумењето. По несреќниот брак и разводот започнала да оди во модни куќи започнувајќи да се фотографира. На 17 август 2008 година се омажила за бизнисменот Енгин Акгун.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2002 година учествувала во серијата „Zalim“ како една од главните улоги. Во следниот период глумела во повеќе серии, како: „Sil Baştan“, „Kasirga Insanlari“, „Maki", "Hasret“ и.т.н. Најголема слава има достигнато со улогата на Бену Атаман во серијата 1001 Ноќ, како талентирана архитетка вработена во Бинјапи Холдинг.

Филмови[уреди | уреди извор]

  • Ejder Kapanı, 2010
  • Bir Varmış, Bir Yokmuş , 2005
  • Hoşgeldin Hayat, 2004
  • Abdülhamit Düşerken, 2003
  • Herşey Çok Güzel Olacak, 1998

Серии[уреди | уреди извор]

  • 2016 Babam ve Ailesi/ ТВ Серија
  • 2015 Maral/ ТВ Серија
  • 2014 2015 Aşkın Kanunu / ТВ Серија
  • 2011-2014 Umutsuz Ev Kadınları/ ТВ Серија
  • 2010-Şen Yuva/ ТВ Серија
  • 2009- Biz Evlendik / ТВ Серија
  • 2007-2008-2009 Binbir Gece / ТВ Серија
  • 2006 Hasret / ТВ Серија
  • 2005 Maki / TV Dizisi / ТВ Серија
  • 2004 Kasirga Insanlari / ТВ Серија
  • 2004 Sil Baştan / ТВ Серија
  • 2002 Zalim / ТВ Серија
  • 2002 Hastayım Doktor / ТВ Серија
  • 2002 Öyle Bir Sevda ki / ТВ Серија
  • 2000 Dikkat Bebek Var / ТВ Серија
  • 1998 Böylemi olacaktı / ТВ Серија
  • 1998 Baba / ТВ Филм
  • 1998 Babam Olurmusun / TВ Филм
  • 1998 Canlı Hayat / ТВ Филм
  • 1998 Çiçek Taksi / ТВ Серија
  • 1998 Affet Bizi Hocam / ТВ Серија
  • 1997 Son Kumpanya / ТВ Серија /
  • 1997 Tatlı Kaçıklar / ТВ Серија
  • 1997 Deli Divane / ТВ Серија
  • 1997 Köstebek / ТВ Серија
  • 1996 Palavra Aşklar / ТВ Серија

Театарски Претстави[уреди | уреди извор]

  • Sürmanşet,2008
  • Ayşe Opereti,2006
  • 3.Türden Yakın İlişkiler, 2001-2003

ТВ Програми[уреди | уреди извор]

  • 2005 Bizim Evde Ne Oluyor
  • 2003 Çocuk Deyip Geçme
  • 2001 Bir Başka Gece
  • 2000 Lezzet Saati
  • 1998 Şimdi Sıra Sende
  • 1997 Seç Bakalım
  • 1997 Sabah Şekerleri
  • 1996 Cici Kızlar
  • 1996 Lıfe Style

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]