Џеф Безос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џеф Безос во 2018 година

Џеф Безос (англиски: Jeff Bezos; р. 12 јануари 1964) — американски интернет-претприемач, деловен и медиумски магнат и инвеститор. Тој е најпознат како основач, извршен директор и претседател на меѓународната технолошка компанија Амазон. Од 2017 година Безос се смета за најбогатиот човек на светот, поради што е именуван и како „најбогатиот човек во современата историја“. Неговата нето вредност во јули 2018 година се искачи на 150 милијарди долари.[1] Во септември 2018 година Форбс го опиша како „далеку побогат од кој било друг на планетата“ бидејќи додаде 1.8 милијарди долари на неговата нето вредност откако Амазон стана втората компанија во историјата која достигна пазарна капитализација од 1 трилион долари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „This Is The Richest Person in the World“. Forbes. 2019. Посетено на March 19, 2019.