Џесика Алба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џесика Алба
Jessica Alba 2011.jpg
Роден(а)Џесика Мери Алба
СопружникКеш Варен
Мреж. местоhttp://jessicaalba.net/

Џесика Алба (англиски: Jessica Alba) (родена на 28 април 1981) е американска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Детство и семејството[уреди | уреди извор]

Џесика е родена во Помона, Калифорнија во фамилијата на Кетрин и Марк Алба. Нејзините родители стапиле во брак во тинејџерските години. Следејќи дека нејзината фамилија неколкупати се преселувала, уште во детството била навикната на промени. Веќе на петтата година сакала да стане глумица, а со неполни 12 почнала да зема и часови за глума.

Филмска и телевизиска кариера[уреди | уреди извор]

Наскоро пронашла агент и во 1994 год. добила улога во филмот “Camp Nowhere”. Иако требала да глуми спореден лик, кога девојката за главна улога се откажала, Џесика набргу ја заменила. Џесика се појавила и на две национални телевизии на реклами за Нинтендо како дете; подоцна настапува и во неколку независни филмови. Во 1994 година добива во Никелодеоновата детска серија Тајниот свет на Алекс Мак (The Secret World of Alex Mack). После тие улоги, таа настапува и во првите две сезони во ТВ Серијата Флипер. Во 1998 год се појавува како Мелиса Хауер во првата сезона на криминалистичката серија Јужниот Бруклин, а потоа следеле улогите во Беверли Хилс 90210 и “The Live Boat: The Next Wave”. После што матурира, Алба зема часови за глума кај глумецот Вилијам Х. Меси и неговата жена, исто така глумица Фелисити Хафман. Првата голема филмска улога ја добива во тинејџерската комедија Никогаш не сум се бакнала, и подоцна ја добива улогата во хоророт “Idle Hands”. Но, засигурно е најславна по улогата на Макс Гевара во серијата Темниот ангел. Серијата се емитувала во две сезони. Џесика исто така е позната по улогите во филмовите Фантастична четворка, Гневен град и Предигра за брак.

Љубовен живот[уреди | уреди извор]

На снимањето на серијата Темниот ангел, Алба започнала четири годишна романса со колегата од серијата, Мајкл Витлерли. Ја запросил на нејзиниот 20-ти роденден. Тие се разделија после 4 години. Џесика моментално свршена за Кеш Варен (син на глумецот Мајкл Варен), кој го запознал на снимањето на Фантастична четворка во 2004 година. Џесика го чека првото дете со Кеш, кое би требало да се роди летото во 2008.

Links[уреди | уреди извор]