Прејди на содржината

Џерико (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џерико
Лого
Жанрдрама
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди29
Производство
Времетраење43 минути
Прикажување
Првична мрежа САД: CBS
Македонија Македонија: Сител
Првично прикажување20 септември 2006 – 25 март 2008
Надворешни врски
Мрежна страницаcbs.com/primetime/jericho/

Џерико (англиски: Jericho) е американска телевизиска серија, произведена од телевизијата CBS. Првата сезона започна на 20 септември 2006, а заврши на 9 мај 2007. И покрај прилично намалената гледаност, Џерико во последен момент беше обновена за втора сезона, која започна на 12 февруари 2008. Критиките ја пофалуваа, но гледаноста остана мала.

Џерико се емитува во повеќе од 30 земји, а кај нас се емитува на Сител телевизија.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејството се одвива во еден мал град во Канзас, Џерико, за време на јадрен напад на 23 поголеми градови на САД. Серијата започнува со очигледна јадрена детонација од непознато потекло над Денвер, Колорадо. Веднаш снемува струја, како и сите други комуникациски средства, изолирајќи го Џерико.

Главниот лик е Џејк Грин, 32-годишниот син на градоначаликот Џонстон Грин, кој накратко доаѓа да го посети своето семејство, но останува заради катастрофалната експлозија. По чудното враќање дома и напнатата средба со неговиот татко, Џејк ќе стане водач во Џерико. Тој ќе се бори за да го заштити градот и неговите граѓани. Додека граѓаните на Џерико се борат да опстанат, повеќето не знаат дека еден од најновите граѓани, Роберт Хокинс, знае многу повеќе за нападите отколку што кажува.