Прејди на содржината

Џерван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џерван
Џерванов аквадукт
МестоНинива, Ирак
Координати36°40′11″N 43°23′37″E / 36.66972°N 43.39361°E / 36.66972; 43.39361
ВидАквадукт
Дел одКаналскиот систем Атруш
Историја
ГрадителСенахериб
МатеријалВаровник, водоотпорен цемент
Изграденo703–690 пр. н. е
РаздобјеНовоасирско царство
КултуриАсирци
Белешки за наоѓалиштето
СостојбаДобро сочувано
Јавен пристапДа
Се смета за еден од најстарите аквадукти во светот, што веројатно им претходи на римските аквадукти 500 години.
Џерванови аквадукти

Џерван — локалитет северно од Мосул во покраината Нинива во Ирак. Локацијата нема вегетација и е ретко населена.

Локалитетот е познат по урнатините на огромен аквадукт што ја преминува реката Кенис, изграден од повеќе од два милиони камења и со употреба на камени лакови и водоотпорен цемент. Некои сметаат дека е најстариот аквадукт на светот, кој му претходи на сè што Римјаните изградиле во текот на пет века.

Аквадуктот на Џерван

[уреди | уреди извор]

Аквадуктот е дел од поголемиот Канал Атруш изграден од асирскиот крал Сенахериб помеѓу 703 и 690 пр. н. е. за да ги напои големите градини на Нинива,[1] со вода пренасочена од клисурата Кенис, 50 километри на север.

Натписот на аквадуктот гласи:

„Сенахериб, светскиот крал на Асирија. На голема далечина имав водотек насочен кон околината на Нинава, спојувајќи ги водите... Низ стрмните долини, поставив аквадукт од бели варовнички блокови, направив тие води да течад над него“.[2]

Некои научници веруваат дека легендите за Семирамидини висечките градини на Вавилон биле всушност обемните градини на Сенахериб во Ниневинската рамнина а, не во Вавилон.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „The Oldest Intact Aqueduct in the World“. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2014-04-07.
  2. ↑ photograph of Sennecherib's inscription Архивирано на {{{2}}}..