Џепчиште

Координати: 42°1′58″N 21°0′0″E / 42.03278° СГШ; 21.00000° ИГД / 42.03278; 21.00000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 08:57, 24 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Форматна исправка, replaced: стр.2 → стр. 2, стр.3 → стр. 3 (2))
Џепчиште
Xhepçishti

Поглед кон Џепчиште

Џепчиште во рамките на Македонија
Џепчиште
Местоположба на Џепчиште во Македонија
Џепчиште на карта

Карта

Координати 42°1′58″N 21°0′0″E / 42.03278° СГШ; 21.00000° ИГД / 42.03278; 21.00000
Општина Тетово
Население 4.051 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1212
Шифра на КО 28088, 28588
Надм. вис. 443 м
Џепчиште на општинската карта

Атарот на Џепчиште во рамките на општината
Џепчиште на Ризницата
Грб на поранешната Општина Џепчиште.

Џепчиште (албански: Xhepçishti) — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово и седиште на поранешната истоимена општина. Поради својата големина и бројот на жители, Џепчиште е приградска населба на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во северниот дел на Полошката Котлина, северозападна Македонија и е приградска населба на Тетово. Сместена е недалеку во северен правец од градот Тетово, на оддаелеченост од четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 480 метри. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 342 ха, па затоа селото, во однос на земјоделието, има полјоделска функција.[2] Се наоѓа на патниот правец кој води до границата со Косово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 60 семејства, 2 неженети и 6 вдовици, сите христијани.[3]

На крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза во Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во Џепиште живееле 465 жители, од кои 80 Македонци и 385 Албанци.[4]

Демографија

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Џепчиште има 4.051 жител и оттогаш претставува голема населба. Населението се состои од 3.934 Албанци, од кои 2.006 се од машки и 1.928 од женски пол, потоа 81 Македонец, 1 Влав и 35 останати. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 81
Албанци 3.934
Турци 0
Роми 0
Власи 1
Срби 0
Бошњаци 0
останати 35

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.680
1953 174 1.660 1 1.835
1961 152 1.959 26 3 1 2.141
1971 81 2.554 8 2 2.645
1981 94 3.047 1 10 3.152
1994 75 3.758 1 3.834
2002 81 3.934 1 35 4.051

Родови

Како најстар албански род во селото Џепчиште се споменува родот Скурај (61 куќа). Потекнува од Љума (во северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[6]

Џепчиште е мешано македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:

  • Македонски:
  • Калановци или Стамевци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
  • Клинчарој или Илиној (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Коруновци (8 к.), староседелци.
  • Лизгар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце;
  • Волчеј или Мачугој (7 к.) доселени се од Раотинце, се доселил предокот Китан.
  • Албански:
  • Ќуповци (32 к.) и Кучуговци (28 к.) најстари албански родови, доселени се во втората половина на XVIII век, по потекло се од областа Матија во Албанија;
  • Чип (25 к.) родот го основал Адем кој се доселил од Малесија во северна Албанија;
  • Скуровци (61 к.) доселени се од Љума во северна Албанија, дојдени се во втората половина на XVIII век;
  • Асаној (4 к.), Љуганџини (36 к.) и Лике или Ликовци (8 к.) доселени се од северна Албанија.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 2003, 2004, 2004/1, 2005 и 2006 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 3.892 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Црквата „Св. Атнасиј“

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр. 312
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 340
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
  5. 5,0 5,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
  7. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Украдено ѕвоно од црквата во селото Џепчиште“. Дневник. Посетено на 2010-04-27.
  11. Македонска библиографија: Статии и прилози (2. изд.). Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје.

Надворешни врски