Џенифер Батен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џенифер Батен
Податотека:Ficheiro:Jennifer1997.jpg
Биографски податоци
Роден(а)ноември 28 1957 (1957-11-28) (61 г.)
New York City, Њујорк, САД
ЖанровиИнструментален рок, џез, хард-рок, eлектроника
Занимањагитарист, композитор, продуцент
ИнструментиЕлектрична гитара
Период на активност1980–денес
ИздавачиVoss, East West, Lion
СоработнициМајкл Џексон, Џеф Бек, Дода
Мреж. местоjenniferbatten.com
Значајни инструменти
Washburn JB-100


Џенифер Батен е американски гитарист. Таа има работено и како студиски музичар и како соло артист.

Фамилијата Батен се преселиле во Сан Диего, Калифорнија, кога Џенифер имала девет години, каде што ги продолжила часовите, апсорбирајќи поп музика, фолк, блуз, и рокенрол. Пресвртница во нејзиниот музички развој се случила кога таа имала околу дванаесет години: татко и започнал да ја претставува пред Чарли Кристијан Рекордс.

Во 1979 година, Батен започнала да го посетува Институтот за гитарски техники, каде што се спријателила, со колеги како Стив Линч. Фасцинацијата на Линч со техниката на „дворачно тропкање“ која тогаш започнала да се развива, е причината поради која Батен тргнала по стапките на нејзиниот пријател и го усовршила стилот на свирење – конечно, пишувајќи книга за тоа години подоцна (Two Hand Rock).

По дипломирањето, Батен започнала да вежба 10-12 часа на ден. Во исто време таа свирела во шест различни групи и учела шест дена во неделата, вклучувајќи ги и магистерските часови во Институтот.

Нејзината голема шанса за кариера дошла во 1987 година, кога таа слушнала од еден пријател, дека се одржуваат аудиции за гитарист за претстојната турнеја на Мајкл Џексон, во знак на поддршка на неговиот следен албум . Наместо да се пријави на аудиција веднаш, Батен презела невообичаен пристап, се пријавила на последниот можен ден, за да има што е можно повеќе време да го научи и усоврши репертоарот на кралот на поп музиката.

Батен му се приклучила на Џексон на неговата „опасна“ турнеја. На 31 јануари 1993 година се појавила со Џексон за време на свеченостите на полувремето од шампионатот на националната фудбалска лига. Нејзината последна свирка со Мајкл Џексон е на овој шампионат кој имал најголема гледаност во телевизиската историја, околу 1,5 милијарди гледачи. Батен се откажала од турнејата и формирала модерна-алтернативна -блуз-рок група наречена „The Immigrants“, динамична група која го објавила албумот (моментално достапен само во Европа) со наслов „One Planet Under One Groove“.

Здруженијата на рок гитаристи започнале да покажуваат интерес за Батен, особено откако нејзината музичка нумера се појавила на една ЦД-компилација издадена од магазинот „Guitar for the Practicing musicians“.

Во 1998, Батен добива покана да се приклучи во составот на еден од нејзините омилени гитаристи на сите времиња, Џеф Бек. По потпишувањето на договорот со Бек, Батен се појавила на студиските снимки во1999 година „Who Else!“ и во 2001 „You Had It Coming“, и на голем број турнеи. Покрај тоа, Батен гостувала на снимки од Кармајн Аписи (Guitar Zeus, vol. 1), и на „Lost Years LP“од нејзиниот стар пријател Сембело.

Батен има издадено три соло албуми. Во 1992 нејзиниот деби албум, Above Below and Beyond , продуциран од гитаристот на Стиви Вондер, Мајкл Сембело. Во 1997 година, издаде вистински светски хит „Jennifer Batten's Tribal Rage: Momentum“. Нејзиниот трет албум, “Whatever,, беше издаден во Јапонија во септември 2007 година, а во САД на 18 април 2008 година.

Батен се појавила на снимки како што се Who Else! (1999) и You Had It Coming (2001) на Џеф Бек, Guitar Zeus (1995) на Кармајн Аписи , Heavy weather (1992) на Мајкл Сембело, Sunlight Again (1994) на Карл Андерсон, во деби албумот на Синди Круз, Doc Tahri на басистот Брет Хелм и на деби албумот на „The immigrants“. Се појавила во музички спотови на Џеф Бек, Мајкл Џексон, Натали Кол и Сара Хикман и во „Obsesión“ на Мигел Матеос.

Батен свирела соло и ритам гитара на „Bad“, „Dangerous“ and „HIStory“ турнеите на Мајкл Џексон, како и на настапот на полувремето од Супер Боул во 1993.

Помеѓу 1994 и 1999 година, Батен се приклучила на Дејв Роџерс и Домино како гитарист кој се појавува на евробит песните „Sun City“, „Music For The People“, „Fly“ и „Woa Woa Woa“. Нејзините настапи биле ограничени да бидат на стадионот во Токио со Дејв Роџерс.

Во 2010 година, снимила соло за песната „Bad Girls“ на полската пејачка Дода.

Дискографија[уреди | уреди извор]