Џенис Рејмонд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џенис Рејмонд
Роден(а)Џенис Г. Рејмонд
24 јануари 1943 (1943-01-24) (76 г.)
НационалностАмериканка
ЗанимањеАвтор, професор, активист
РаботодавачМасачусетски универзитет во Амхрст
Познат(а) порадикален феминистички активизам
Страница
janiceraymond.com

Џенис Г. Рејмонд (родена 24 јануари, 1943) е радикална феминистичка активистка позната по нејзината работа против насилството, сексуалната експлоатација и медицинската злоупотреба на жените, како и за нејзините дела за трансексуализмот. Таа е исто така авторка на пет книги и повеќе статии, преведени на неколку јазици, за теми како: насилството врз жените, здравјето на жените, феминистичката теорија и био-медицината. Таа има објавено бројни статии за проституцијата и секс-трговијата со луѓе. Таа предава на меѓународно ниво за многу од овие теми[1] преку Коалицијата Против Трговија со Жени (КПТЖ).

Застапувања[уреди | уреди извор]

Преку нејзината работа со КПТЖ, Џенис Рејмонд е лидер во кампањата со цел да се признае проституцијата насилството врз жените и една од најлошите форми на половата нееднаквост. Ова вклучува спротивставување на легализацијата на секс индустријата на меѓународно ниво, залагање за владите да обезбедат услуги и алтернативи за жените во проституцијата и да донесуваат закони против купувањето на жените и децата за сексуални активности.[1]

За време на нејзиниот мандат, КПТЖ ја прошири својата меѓународна работа, особено во балтичките земји и во источните и јужните европски земји, вклучувајќи ги Естонија, Латвија, Литванија, Хрватска, Молдавија, Албанија, Косово, Унгарија и дриги. Особено, таа поддржа иновативни проекти за превенција, кои ја обесхрабруваат побарувачката за проституција - главна причина за трговијата со луѓе, предизвикувајќи младите мажи да имаат поинаков стандард на машкоста, и регрутирајќи ги во кампањата против сексуална експлоатација.[1]

Во јануари 2004 година, д-р Рејмонд сведочеше пред Европскиот парламент на тема "Влијанието на секс индустријата во ЕУ". Во 2003 година, Рејмонд сведочеше пред подкомитетот на САД конгресот на тема "Тековните трагедии на меѓународното ропство и трговија со луѓе".[1]

Написи за проституцијата и секс-трговијата со луѓе[уреди | уреди извор]

Меѓу многуте статии што таа ги има објавено, нејзиниот есеј со наслов "Десет причини против легализацијата на проституцијата и правниот одговор на побарувачката за проституција"[2] е преведена на повеќе од 10 јазици. Овој есеј ги разгледува законодавните модели кои ја легализирале или декриминализирале проститутската индустрија и принципите кои ја поддржуваат, и тврди дека легитимизирањето на секс-трговијата ги прави штетите врз жените невидливи. Рејмонд поддржува алтернативен правен модел на одбивање легализација и декриминализација на секс индустријата, како и казнување на машката побарувачката за купување жени и деца за сексуална експлоатација.[2]

Написи за трансексуализмот[уреди | уреди извор]

Во 1979 година, Рејмонд ја напиша книгата за трансексуализмот наречена Транссексуалната империја.[3] Таа ја истакна улогата на трансексуализмот - особено психолошките и хируршки пристапи кон него - во зајакнувањето на традиционалните родови стереотипи, начинот на кој медицинско-психијатриски комплекс го медикализира "родовиот идентитет", и општествениот и политички контекст кој го воспостави транссексуалниот третман и операција како нормален и терапевтски лек.

Рејмонд тврди дека "Сите трансексуалци ги силуваат женските тела со редуцирањето на реалната женска форма во артефакт, присвојувајќи го ова тело за себе...“ и “креираат “жена“ во имиџот на маж“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Janice Raymond - Coalition Against Trafficking of Women“. Catwinternational.org. конс. 2010-03-23. 
  2. 2,0 2,1 „Coalition Against Trafficking in Women“. Action.web.ca. конс. 2010-03-23. 
  3. „book“. Worldcat.org. конс. 2010-03-23. 
  4. Raymond, Janice. (1994). The Transsexual Empire, p. 104

Надворешни врски[уреди | уреди извор]