Епсилон Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џена)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Епсилон Лебед
Cygnus constellation map mk.svg
Red circle.svg
Местоположба на Епсилон Лебед (заокружена)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 46м &1000000000126823600000012,68236с[1]
Деклинација +33° 58′ &1000000000012925000000012,9250″[1]
Прив. величина (V) 2,480[2]
Особености
Спектрален тип K0 III[3]
U−B Боен показател +0,860[2]
B−V Боен показател +1,030[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)–12,41[4] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: 355,66[1] млс/г
Дек.: 330,60[1] млс/г
Паралакса (π)44.86 ± 0.12[1] млс
Оддалеченост72,7 ± 0,2 сг
(22,29 ± 0,06 пс)
Апсолутна величина (MV)+0,74 ± 0,02[3]
Орбита[3]
Главнаε Cyg Aa
Придружникε Cyg Ab
Период (P)55,1 г.
Занесување (e)0,9
Перицентарска епоха (T)B2016.00
Аргумент на перицентарот (ω)
(главна)
300°
Полузамав (K1)
(главна)
4,0 км/с
Податоци
Маса~2[3] M
Полупречник10,82 ± 0,14[5] R
Површ. грав. (log g)2,8[4]
Сјајност62 ± 3[5] L
Температура4.710[4] K
Вртење0,67 години[3]
Вртежна брзина (v sin i)2,3 ± 0,2[3] км/с
Старост~1,5[6] Гг.
Други ознаки
Џена, Алџана[7], ε Cyg, 53 Cygni, BD +33°4018, FK5 780, GCTP 4959.00, Gl 806.1, HD 197989, HIP 102488, HR 7949, LHS 5358, SAO 70474, WDS 20462+3358.[8]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Епсилон Лебед (ε Лебед, ε Cygni, ε Cyg) — повеќекратна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Со привидна величина од 2,48, лесно е видлива со голо око и се вбројува меѓу најсјајните ѕвезди од Лебед. Според паралаксата, Епсилон Лебед е оддалечена околу 73 светлосни години од Сонцето.

Системот има три составници: спектроскопски двоец (Епсилон Лебед A); оптичка придружничка (B) и единечна ѕвезда (C). Двете составници на A се нарекуваат Епсилон Лебед Aa (офиц. Џена или Алџана) и Ab.

Именување[уреди | уреди извор]

ε Лебед (ε Cygni, Epsilon Cygni) е името на ѕвездата според Бајеровото означување. Трите составници се означени како Епсилон Лебед A, B и C, а составниците на AЕпсилон Лебед Aa и Ab, изведени од Вашингтонскиот каталог за повеќекратни ѕвезден системи (WMC), и усвоени од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС).[9]

Епсилон Лебед го носи традиционалното име Џена, од (арапски: جناح), ел-џена = „крило“.[10] Меѓутоа, ова име почесто се однесува на Гама Гавран.[7] За да се избегнат забуни, почесто се нарекува Џена Лебед (Gienah Cygni). Во 2016, Во 2016 г. МАС приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN)[11] со цел да ги каталогизира и стандардизира личните имиња на ѕвездите. Решено е да се даваат имиња само поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи.[12] На 30 јуни 2017 г. е одобрено името Алџана (Aljanah) за составницата Епсилон Лебед Aa, наспроти претходно воведеното Џена (Gienah) за Гама Кавран A од заседанието претходната година. Обете денес се официјални.[13]

На кинески во употреба е збирниот поим 天津 (Тјен ѓин), што значи Небесен Брод и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Епсилон Лебед, Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ну Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед и Зета Лебед.[14] Оттука, кинеското име на самата Епсилон Лебед е 天津九 (Тјен ѓин ѓу = „Деветта ѕвезда на Небесниот Брод“).[15]

Придружнички[уреди | уреди извор]

Епсилон Лебед A има оптичка придружничка, Епсилон Лебед B, со која не е физички поврзана, како и кандидат за придружничка со заедничко сопствено движење од 13-та величина, Епсилон Лебед C, која е на аголна одвоеност од 78 лачни секунди.[16] Доколку таа ѕвезда е гравитациски врзана со Епсилон Лебед A, тогаш тие тековно би биле на растојание од 1700 ае или повеќе, и имаат орбитален период од барем 50.000 години.[6]

Особини[уреди | уреди извор]

Составницата A е еднореден спектроскопски двоец.[17] Според увидената радијална брзина се заклучува можна придружничка со орбитален период од барем 15 години.[16] Претставува џиновска ѕвезда од класата K0 III.[18] Ова значи дека ѕвездата ја напуштила главната низа и навлегла во конечната фаза на својот развој. Делотворната температура на нејзината фотосфера изнесува 4.710 K, давајќи ѝ портокалов сјај својствен за ѕвездите од типот K.[19] Има речиси 11 пати поголем полупречник од Сонцето и 62 пати поголема сјајност.[5]

Почнувајќи од 1943 г. спектарот на Епсилон Лебед A служи како устојчиво поаѓалиште по кое се класификуваат другите ѕвезди.[20]

Превез[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Превез (маглина).

ε Лебед е сместена три степени северно од маглината Превез, која веројатно е прастар остаток од супернова. Самата маглина е многу пооддалечена од ѕвездата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 van Leeuwen, Floor (November 2007), "Validation of the new Hipparcos reduction", Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752v1, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357 Note: see VizieR catalogue I/311.
  2. 2,0 2,1 2,2 Oja, T. (August 1986), "UBV photometry of stars whose positions are accurately known. III", Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 65 (2): 405–409, Bibcode:1986A&AS...65..405O
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Gray, David F. (2015). "A Spectroscopic Analysis of the K0 III Binary ε Cygni". The Astrophysical Journal. 810 (2): 117. Bibcode:2015ApJ...810..117G. doi:10.1088/0004-637X/810/2/117.
  4. 4,0 4,1 4,2 Massarotti, Alessandro; и др. (January 2008), "Rotational and Radial Velocities for a Sample of 761 HIPPARCOS Giants and the Role of Binarity", The Astronomical Journal, 135 (1): 209–231, Bibcode:2008AJ....135..209M, doi:10.1088/0004-6256/135/1/209
  5. 5,0 5,1 5,2 Piau, L.; и др. (February 2011), "Surface convection and red-giant radius measurements", Astronomy and Astrophysics, 526: A100, arXiv:1010.3649, Bibcode:2011A&A...526A.100P, doi:10.1051/0004-6361/201014442
  6. 6,0 6,1 Kaler, James, "GIENAH CYGNI (Epsilon Cygni)", Stars, University of Illinois, Посетено на 2011-12-11
  7. 7,0 7,1 Rumrill, H. B. (1936). "Star Name Pronunciation". Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 48 (283): 139. Bibcode:1936PASP...48..139R. doi:10.1086/124681.
  8. "LHS 5358b -- High proper-motion Star", SIMBAD, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2011-12-10
  9. Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A. et al. (2010). "On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets". arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR]. 
  10. Allen, Richard Hinckley (1899), "Star-names and their meanings", New York, G.E. Stechert: 197, Bibcode:1899sntm.book.....A
  11. "IAU Working Group on Star Names (WGSN)". Посетено на 22 May 2016.
  12. "WG Triennial Report (2015-2018) - Star Names" (PDF). стр. 5. Посетено на 2018-07-14.
  13. "Naming Stars". IAU.org. Посетено на 16 December 2017.
  14. 中國星座神話, напишано од 陳久金. Објавено од 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.
  15. (in Chinese) 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 Archived 2011-01-30 at the Wayback Machine, Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
  16. 16,0 16,1 McMillan, R. S.; Smith, P. H.; Moore, T. L.; Perry, M. L. (December 1992), "Variation of the radial velocity of Epsilon Cygni A", Publications of the Astronomical Society of the Pacific, 104 (682): 1173–1176, Bibcode:1992PASP..104.1173M, doi:10.1086/133105
  17. "Washington Double Star Catalog". United States Naval Observatory. Архивирано од изворникот на 14 February 2011. Посетено на 2 January 2018.
  18. Cohen, Martin; и др. (April 1999), "Spectral Irradiance Calibration in the Infrared. X. A Self-Consistent Radiometric All-Sky Network of Absolutely Calibrated Stellar Spectra", The Astronomical Journal, 117 (4): 1864–1889, Bibcode:1999AJ....117.1864C, doi:10.1086/300813
  19. "The Colour of Stars", Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на 2012-03-10, Посетено на 2012-01-16
  20. Garrison, R. F. (December 1993), "Anchor Points for the MK System of Spectral Classification", Bulletin of the American Astronomical Society, 25: 1319, Bibcode:1993AAS...183.1710G, Посетено на 2012-02-04

Надворешни врски[уреди | уреди извор]