Џемаил Вејсели
Џемаил Вејсели (алб.: Xhemail Vejseli; Гајре, тетовско, 15 ноември 1927)[1] е македонски политичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Вејсели е роден во шарпланинското тетовско село Гајре на 15 ноември 1927 година. Бил член на СКОЈ, учесник во НОАВМ во 1944 и член на КПМ во 1948 година. По Ослободувањето завршил гимназија и првин бил учител, а потоа работел во ресорот за внатрешни работи во Тетово и како секретар на Општинскиот комитет на КПМ во село Шипковица. Како студент и апсолвент на Филозофскиот факултет, бил член на Универзитетскиот комитет на СКМ во Скопје. Подоцна бил секретар на Околискиот комитет на ССРНМ и политички секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Тетово, пратеник и потпретседател на Републичкиот собор на Собранието на СРМ, член на ЦК на СКМ и претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за развој на СК, претседател на Општинската конференција на СКМ во Тетово и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ. На 28 април 1982 година, на конститутивната седница на Собранието на Социјалистичка Република Македонија од третото делегатско свикување, Вејсели бил избран за член на Претседателството на СР Македонија.[2] Бил и претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 254
- ↑ Службен весник на СРМ, 20/82, 2 стр.