Прејди на содржината

Џек Хиншелвуд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џек Хиншелвуд
Лични податоци
Полно име Џек Лука Хиншелвуд[1]
Роден на 11 април 2005(2005-04-11) (21 г.)
Роден во Чичестер[2], Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Брајтон Брајтон
Број 13
Младинска кариера
Брајтон Брајтон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2022- Брајтон Брајтон 54 (9)
Репрезентација
2022 Англија Англија 18 6 (0)
2022-2024 Англија Англија 19 8 (0)
2024 Англија Англија 21 11 (0)

Џек Лука Хиншелвуд (роден на 11 април 2005, во Чичестер) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Брајтон и на англиската репрезентација под 21 година.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Потекнува од семејство на фудбалери: неговиот прадедо Воли, дедо Пол, татко Адам, прачичко Мартин и братучед Дани сите биле професионални фудбалери..[3]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Израснат како централен играч од средниот ред, улога каде што најдобро ги изразува своите технички квалитети, под водството на тренерот Роберто Де Ѕерби тој бил користен и во други улоги како дефанзивен играч за врска, крило и десен бек. Вешт е со топката во нозете, одличен во фазата на затворање на противникот, а често се обидува да учествува и во офанзивниот маневар со уфрлувања.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Хиншелвуд ја започнал својата кариера во Брајтон енд Хоув Албион, каде што минувајќи ги сите младински категории го потпишал својот прв професионален договор на 14 април 2023 година.[4] Своето деби за првиот тим го имал на 28 мај истата година, во поразот со 2-1 од Астон Вила во Премиер лигата.[5] Тоа бил неговиот единствен настап со првиот тим за сезоната 2022-2023.

Следната сезона, тој играл повеќе забележувајќи вкупно 17 настапи и 3 гола за Брајтон. На 6 декември 2023 година, тој го постигнал својот прв професионален гол во победата со 2–1 над Брентфорд.[6]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Хиншелвуд играл за младинските селекции на Англија под 18, под 19 и под 21 година.

Во 2025 година, бил повикан во репрезентацијата под 21 година да учествува на Европското првенство во категоријата одржано во Словачка.

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистикатѕа е ажурирана на 16 јуни 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2022-2023Англија БрајтонПЛ10ФАКуп+ЛК00----10
2023-2024ПЛ123ФАКуп+ЛК2+10ЛЕ20--173
2024-2025ПЛ265ФАКуп+ЛК3+20-----315
2025-2026ПЛ151ФАКуп+ЛК2+10-----181
Вкупно во кариерата54911020--679
Англија под 21 година
2025
  1. ↑ „2022/23 Premier League squad lists“. Premier League. 16 September 2022. Посетено на 28 May 2023.
  2. ↑ „Squads - English Premier League 2022/2023“. Football Squads. Посетено на 16 March 2024.
  3. ↑ Owen, Brian (9 March 2021). „Recognise the name? Jack aims to take Hinshelwoods into fourth generation“. The Argus. Посетено на 28 May 2023.
  4. ↑ „Jack Hinshelwood signs new contract“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-11-09. Посетено на 2025-06-16.
  5. ↑ „Fati strikes but it's a day to forget for Albion“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-11-09. Посетено на 2025-06-16.
  6. ↑ „Hinshelwood heads the winner as Albion come from behind“. Архивирано од изворникот на 2024-09-19. Посетено на 2025-06-16. Занемарен непознатиот параметар |lаnguage= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]