Џедефрева пирамида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 30°01′56″N 31°04′29″E / 30.03222° СГШ; 31.07472° ИГД / 30.03222; 31.07472

Остатоци од пирамидата

Џедефрева пирамида — поранешна староегипетска пирамида во Абу Раваш, од која денес се останати рушевини. Таа била најсеверната египетска пирамида и се верува дека била изградена од страна на фараонот Џедефра од Четвртата египетска династија. Древното име на пирамидата било „Џедефрево ѕвездено небо“.[1]

Наспроти тврдењата на некои египтолози во последните неколку декади, неодамнешните ископувања во Абу Равеш од страна на Мише Бод од музејот Лувр укажуваат дека пирамидата всушност никогаш не била довршена. Во случај да била довршена, се претпоставува дека истата би била со иста голема како и Микереновата пирамида, која е трета по големина од пирамидите во Гиза.[2][3] Се верува дека пирамидата првично била најубавата пирамида со надворешност од полиран гранит, варовник и круна со голем пирамидион. Од оваа причина, се смета дека истата во голема мера била разрушена во времето на Римското Царство за да можело да се поддржат римските градежни проекти по освојувањето на Египет од стана на римскиот цар Октавијан Август.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Изометриски план на пирамидата

Џедефревата пирамида архитектонски се разликувала од нејзините претходници по тоа што одаите биле под пирамидата наместо во неа. Пирамидата била изградена на природен насип, така што одаите биле изградени со помош на метод на ископување јама и накривување на земјата, кој претходно се користел при изградбата на мастаби. Јамата која била ископана во насипот за изградба на пирамидата била длабока 20 м и со димензии 21 х 9 м. Накривувањето било создадена под агол од 22º35', а одаите и влезниот ходник биле изградени во јамата и на накривувањето. Откако внатрешните одаи биле довршени, јамата и накривувањето биле натрупани со земја, а пирамидата била изградена над покривниот простор. Ова овозможило одаите да бидат создадени без потребата од изградба на тунели и ги избегнало структурните усложнувања од уредувањето на одаи во внатрешноста на пирамидата. Архитектонскиот стил на градбата исто така се навраќа на создавањето на правоаголен ограден ѕид во правец север-југ, сличен како оние во Џосеровата и Сехемхетовата пирамида.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vallogia, Michel (University of Geneva); Rowlands, Joanne (University of Oxford); Hawass, Zahi (Secretary General, Supreme Council of Antiquities, Egypt). (23 јуни 2008). The Lost Pyramid. History. 
  2. Vallogia, M. (1997). Études sur l'Ancien Empire et la nécropole de Saqqara. Presses Universitaires de la Méditerranée PULM. стр. 418. ISBN 2842690451.
  3. Could Djedefre's Pyramid be a Solar Temple?“. Archaeology News Network. 13 мај 2010.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Mark Lehner, Geheimnis der Pyramiden. Econ, Düsseldorf 1997, ISBN 3-572-01039-X.
  • Rainer Stadelmann: Die ägyptischen Pyramiden. Vom Ziegelbau zum Weltwunder. 3. Auflage, von Zabern, Mainz 1997, ISBN 3-8053-1142-7.
  • Alberto Siliotti: Pyramiden – Pharaonengräber des Alten und Mittleren Reiches. Müller, Erlangen 1998, ISBN 3860706500.
  • Miroslav Verner, Die Pyramiden (= rororo-Sachbuch. Bd. 60890). Rowohlt, Reinbek 1999, ISBN 3499608901.
  • Michel Valloggia: Au coeur d’une pyramide. Une mission archéologique en Egypte. InFolio, Gollion 2001, ISBN 2-88474-100-3.
  • Zahi Hawass: Die Schätze der Pyramiden. Weltbild, Augsburg 2003, стр. 224–230, ISBN 3-8289-0809-8.
  • Peter Jánosi: Die Pyramiden – Mythos und Archäologie (= Beck'sche Reihe. Bd. 2331; C. H. Beck Wissen). Beck, München 2004, ISBN 3-406-50831-6.
  • Thomas Kühn: Das „Sternenzelt des Djed-ef-Re“ in Abu Roasch. In: Gabriele Höber-Kamel (Hrsg.): Kemet Heft 3/2008. Kemet Verlag, Berlin 2008, стр. 18–23, ISSN 0943-5972

.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]