Прејди на содржината

Џедај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ред на џедаите
Џедаи
Основана
  • ок. 36 453 ДБЈ (Легенди)
  • ок. 25 025 ДБЈ (Канон)
Укината
  • 19 ДБЈ (делумно)
  • 28 ПБЈ (делумно)
Видвитешки ред
МестоКорусант
Службени јазициосновен галактички
Генерален секретарЈода
Претседател на Џедајскиот советМејс Винду
Клучни лица
Забелешкиликвидиран со Наредбата 66 и уништувањето на храмот на Лук Скајвокер.

Џедаи (еднина: џедај, англиски: Jedi) — клучни ликови од епопејата „Војна на ѕвездите“, витези миротворци, членови на Редот на џедаите, следбеници на Светлата страна на Силата и заштитници на Галактичката Република. Џедаите умеат да ја насочуваат Силата, што им дава натприродни способности. Главното оружје на џедаите е светлосната сабја.

Според зборовите на создавачот на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, зборот „џедаи“ го измислил откако се потсетил на називот за жанрот во јапонската кинематографија — „џидаигеки“ (јапонски: 時代劇), кој оставил голем впечаток врз него.[1]

Историја на Редот на џедаите

[уреди | уреди извор]

Корените на џедајската заедница потекнуваат од планетата Тајтон, каде што таа претставувала повеќе заедница на истражувачи и филозофи, а дури со тек на време џедаите почнале да ја извршуваат задачата на чувари на мирот и просперитетот во Галаксијата. Џедајската филозофија, заснована на неуморна потрага по хармонија и поредок, ги направила најдобри пратеници на мирот и чувари на спокојството во Галаксијата. Џедаите претпочитале судирите да ги решаваат со зборови, а не со оружје, прибегнувајќи кон борба крајно ретко и во најитни ситуации. Противници на џедаите се нивна целосна спротивност, следбениците на Темната страна на Силата — Ситите, кои сееле страв, омраза и насилство низ Галаксијата.

Патот на џедаите

[уреди | уреди извор]

Идните џедаи минувале долг и тежок пат. Созревањето на идните миротворци започнувало уште во раното детство, кога децата чувствителни на Силата биле одбирани за обука и испраќани во Храмот на џедаите на Корусант. Децата што тукушто ја почнувале својата подготовка биле нарекувани јунлинзи. Понатаму, јунлингот што поминал низ низа неопходни искушенија бил земан под закрила од страна на витез џедај или мајстор џедај, при што јунлингот станувал падаван. Доколку јунлингот не ги поминел искушенијата или не бил одбран за падаван, бил испраќан во Џедајскиот услужен корпус.

Џедајски кодекс

[уреди | уреди извор]

Џедајскиот кодекс е наведен во многу книги за „Војна на ѕвездите“ и се состои од пет вистини:[2]

Нема емоции — постои мир.
Нема незнаење — постои знаење.
Нема страст — постои спокој.
Нема хаос — постои хармонија.
Нема смрт — постои Силата.

Изворен текст (англ.)

There is no emotion, there is peace.
There is no ignorance, there is knowledge.
There is no passion, there is serenity.
There is no chaos, there is harmony.
There is no death, there is the Force.

[3]

Вистината за хаосот и хармонијата не е наведена во сите изданија на Кодексот.[2]

Џедајски симбол на верувањето

[уреди | уреди извор]

Во книгите за „Војна на ѕвездите“ е наведен и Џедајскиот симбол на верувањето. Понекогаш погрешно го нарекуваат Кодекс, што внесува одредена забуна. Џедајскиот симбол на верувањето (англ. Jedi Creed), за разлика од Кодексот (англ. Jedi Code), бил напишан во епохата на Новата Република, откако Лук Скајвокер го обновил Редот на џедаите. Симболот на верувањето се состои од пет основни точки:[4]

Џедаите се чувари на мирот во Галаксијата.
Џедаите ги користат своите способности за да чуваат и штитат — никогаш за напад на другите.
Џедаите го почитуваат секој живот, во каква било форма.
Џедаите им служат на другите, а не владеат со нив, за доброто на Галаксијата.
Џедаите се стремат кон самосовршенство преку знаење и обука.

Изворен текст (англ.)

Jedi are the guardians of peace in the Galaxy.
Jedi use their powers to defend and protect, never to attack others.
Jedi respect all life, in any form.
Jedi serve others rather than rule over them, for the good of the Galaxy.
Jedi seek to improve themselves through knowledge and training.

Светлосни сабји со сино, црвено и зелено сечило

Главно оружје на џедаите била светлосната сабја со сечило од чиста енергија (плазма), заснована на киберкристал во спој со Силата. Умешноста во ракувањето со сабјата подразбирала не само тренинг, туку и учење како да се разбере и да се почувствува сопственото оружје преку Силата. Првично создадена од Ракатанската Империја и усовршена од Ситите, таа со право станала неодвоен елемент на Редот на следбениците на Светлата страна на Силата.

  1. „Кодекс джедая — Кодекс чести офицера | Информационный портал Храмовник“. Архивирано од изворникот на 2018-07-05. Посетено на 2018-07-05.
  2. 1 2 Catherine Beyer. „The Jedi Code“. About.com Guide (англиски). About.com. Архивирано од [altreligion.about.com/od/jedireligion/a/jedi_code.htm изворникот] Проверете ја вредноста |url= (help) на 2013-02-01. Посетено на 2013-02-01.
  3. Golden, Chrisite (2016 г.). Dark disciple. London: Arrow Books.
  4. Catherine Beyer. „The Jedi Creed“. About.com Guide (англиски). About.com. Архивирано од [altreligion.about.com/od/jedireligion/a/jedi_creed.htm изворникот] Проверете ја вредноста |url= (help) на 2013-02-01. Посетено на 2013-02-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]