Џевдет Јилмаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џевдет Јилмаз
Cevdet Yılmaz
Министер за развој
На должноста
1 мај 2009 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 4 април 1967(1967-04-04)(57 г.)
Бинѓол, Турција
Партија Партија на правдата и развојот
Вероисповед ислам

Џевдет Јилмаз (роден на 1 април 1967 во Бинѓол) е турски политичар.

По завршувањето на средно училиште во Бинѓол во 1983 година, Јилмаз дипломирал на Факултетот за економија. Тој дипломирал со одличен успех во 1988 година. Во 1989 година започнал со работа во Државната организација за планирање (Devlet Planlama Teşkilatı).

Јилмаз отишол во САД меѓу годините 1992 и 1994 година и магистрирал на Универзитетот во Денвер. На Универзитетот Билкент се здобил со докторат. Во 2003 година, Јилмаз бил назначен за Генерален директор за односите со ЕУ.

Во изборите од 2007 година Јилмаз бил избран за член на Европскиот парламент за Бинѓол. На 1 мај 2009 година тој бил назначен за државен министер во вториот кабинет на Ердоган. Во моментот се наоѓа на позицијата Министер за развој.

Наводи[уреди | уреди извор]