Прејди на содржината

Џебен часовник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златен џебен часовник со торбичка и синџир

Џебен часовникчасовник што е направен да се носи во џеб, за разлика од рачниот часовник што се носи на рака, поставен на зглобот.

Овие видови часовници станале најчести од нивниот развој во XVI век, додека рачните часовници станале популарни по Првата светска војна, во текот на која војската користела преоден дизајн, т.н. воен часовник. Џебните часовници обично имаат прикачен синџир за да се прицврстат на елек, ревер или на каишот, за да се спречи да паднат. Часовниците биле поставувани и на кратко кожно ременче. Синџирите честопати биле украсени со сребрен или емајлиран приврзок, често со грб или амблем на некој клуб или друштво. На синџирите за часовници се поставувале и практични нешта, како на пример клуч за навивање на часовникот, машинка за сечење пури, и слично.

Најрано споменување на џебниот часовник било во писмо од ноември 1462 година од италијанскиот часовничар Бартоломеј Манфреди во кое нуди „џебен часовник“ подобар од оној што му припаѓа на војводата од Модена. До крајот на XV век, во Италија и во Германија се појавиле часовници со пружина. Питер Хенлајн, мајстор бравар од Нирнберг, редовно произведувал џебни часовници до 1526 година. Потоа, во текот на XVI век, производството на џебни часовници се проширило низ остатокот од Европа. Раните часовници имале само стрелка за час, додека стрелката за минути се појавила кон крајот на XVII век.[1][2]

Историја

[уреди | уреди извор]
Француски џебен часовник од 1920-ти години
Џебен часовник, изваден од бродот Титаник од непозната жртва при потонувањето

Првите часовници што се носеле со себе, биле направени во Европа во XVI век, и биле со преодна големина помеѓу часовниците и рачните часовници.[3] Овие „часовници“ биле прицврстени за облека или носени на синџир околу вратот. Биле во заоблен облик, со пречник од околу 8 сантиметри, и украсени. Обликот подоцна се развил, а подоцнешжните часовници биле наречени Нирнбершки јајца.[3] Во тој период постоел тренд за часовници со необичен облик, а биле направени и часовници во облик на книги, животни, овошје, ѕвезди, цвеќиња, инсекти, крстови, па дури и черепи.

Стиловите се смениле во XVII век и мажите почнале да носат џебни часовници, а женскиот часовник останал да биде налик на приврзок до XX век.[4][3] Се вели дека ова се случило во 1675 година кога Чарлс II почнал да носи елеци.[5] За да се вклопат во џебовите, нивниот облик се развил во денешниот облик на џебен часовник, заоблен и мазен, без остри рабови. Стакло се користело од предната страна на часовникот од околу 1610 година.

До втората половина на XVIII век, часовниците биле раскошни предмети. До крајот на XVIII век, часовниците, иако сè уште главно се изработувале рачно, станале сè почести, и биле произведувани посебни евтини часовници за продажба на морнарите, со груби, но шарени слики од поморски сцени на бројчаниците.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Watch, Mechanical“, Science and Technology, How It Works, 19 (3rd. изд.), Marshall Cavendish, 2003, стр. 2651, ISBN 0-7614-7333-5 in How it Works, 2003, ISBN 0-7614-7314-9.
  2. Campbell, Gordon (2006), The Grove encyclopedia of decorative arts, 1, Oxford University Press, стр. 253, ISBN 0-19-518948-5.
  3. 1 2 3 Milham 1945.
  4. Perez, Carlos (2001). „Artifacts of the Golden Age, part 1“. Carlos's Journal. TimeZone. Архивирано од изворникот на 2007-02-18. Посетено на 2007-06-06.
  5. Празен навод (help)