Џафер Сулејмани
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Џафер Сулејмани (албански: Xhafer Sylejmani; Премет; 14 март 1879 - Тетово, 17 ноември 1953) — истакнат албански лекар во Македонија[1].
Животопис[уреди | уреди извор]
Сулејмани е роден во Премет, јужна Албанија во 1879 г. Студирал медицина во Цариград и Нанси, Франција. Од 1900 г. па до крајот на животот работел како општ лекар во Тетово. Бил сенатор на два мандати (1932, 1939) во Кралството Југославија. Уживал голем углед меѓу населението како лекар и особено поради неговите залагања за соживотот меѓу малцинствата во Тетово и Тетовско. Неговите куќи во Тетово преставуваат споменици на културата[2].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонска енциклопедија. II (изд. прво.). Скопје: МАНУ. стр. 1458. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ Цветановски, Илчо (29 јули 2008). „СПОМЕНИЦИТЕ заборавени од надлежните - Го губи ликот стариот дел на Тетово“. Дневник. Посетено на 2009-11-02.