Џанлујџи Донарума

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џанлуиџи Донарума)
Џанлуиџи Донарума
Донарума со Милан пред италијанскиот Суперкуп
Лични податоци
Полно име Џанлуиџи Донарума
Роден на 25 февруари 1999(1999-02-25)(25 г.)
Роден во Касталамаре ди Стабија, Италија
Висина 1.96 м (6 ст 5 ин)[1]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб ПСЖ
Број 50
Младинска кариера
2003–2013 Клуб Наполи
2013–2015 Милан Примаверa
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015–2021 Милан Милан 215 (0)
2021- Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 3 (0)
Репрезентација
2014 Италија 15 4 (0)
2014–2015 Италија 17 10 (0)
2016– Италија 21 7 (0)
2016– Италија 36 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 октомври 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 8 септември 2021

Џанлуиџи "Џигио" Донарума[2](роден на 25 февруари 1999 во Касталамаре ди Стабија , Италија) — италијански професионален фудбалер кој игра на позицијата голман за фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен, како и за Италијанската репрезентација.

Тој ја започнал својата кариера со Милан во 2015 година, станувајќи втор најмлад голман што дебитирал во Серија А, на возраст од 16 години и 242 дена; Тој веднаш настапил во почетната линија, заработувајќи репутација како еден од најдобрите млади голмани во светот. Исто така, тој го соборил рекордот како најмладиот играч на Италија под 21 година што некогаш играл, на возраст од 17 години и 28 дена во март 2016 година. Шест месеци подоцна, го направил своето прво репрезентативно деби, за сениорскиот тим на Италија, со што станал најмладиот голман кој некогаш настапил за Италија, на возраст од 17 години и 189 дена.

Џанлуиџи е помал брат на голманот Антонио Донарума.[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Gianluigi Donnarumma“.
  2. 'Donnarumma? Raiola is waiting…'. Football Italia. 14 December 2016. Посетено на 8 January 2017.
  3. Pietro Mazzara (1 July 2013). „Esclusiva MN - Colpo Milan: ha firmato Gianluigi Donnarumma“. milannews.it (италијански). Посетено на 31 July 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]