Прејди на содржината

Џани Родари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џани Родари (италијански: Giovanni Francesco Rodari; Омења, 23 октомври 1920 — Рим, 14 април 1980) — италијански писател.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родари бил роден во сиромашно семејство. Најпрвин работел како учител, потоа станал новинар. Починал во Рим, во 1980 година.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Родари започнал да пишува литература за деца во 1948 година. Негови најпознати дела се романите: „Чиполино“, „Патувањето на Сината Стрела“ и „Џелсомино во земјата на лажговците“, како и збирката раскази „Приказни по телефон“, а покрај нив, пишувал и поезија.[2]

  1. „Белешка за писателот“, во: Џани Родари, Приказни по телефон. „Кочо Рацин“, Скопје, 1966, стр. 133.
  2. „Белешка за писателот“, во: Џани Родари, Приказни по телефон. „Кочо Рацин“, Скопје, 1966, стр. 133.