Џамија (Нистрово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џамија во Нистрово

Поглед на џамијата

Координати: Координати: 41°44′0″N 20°38′13.2″E / 41.73333° СГШ; 20.637000° ИГД / 41.73333; 20.637000
Место Нистрово
Архитектура
Минариња 1

Џамија во Нистрово — главна и единствена џамија во горнореканското село Нистрово.[1] Џамијата се наоѓа во западниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува кон селото Жужње.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од два дела. Првиот има квадратна основа и во него е сместен главниот молитвен простор. Вториот е понизок, претставува продолжение од западната страна и во него е сместен влезниот простор во објектот. На ѕидовите од џамијата има неколку залачени прозорци во два реда. Во дворот на џамијата се сместени и селските гробишта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 76. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]