Џамија (Десово)
Изглед
| Џамија во Десово | |
|---|---|
Поглед на џамијата | |
| Координати: 41°27′46″N 21°29′26.5″E / 41.46278°N 21.490694°E | |
| Место | Десово |
| Општина | Општина Долнени |
| Држава | Македонија |
| Местоположба | |
| Архитектура | |
| Минариња | 1 |
Џамија во Десово — џамија во селото Десово.[1] Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, на источните падини од ридот на кој е сместена црквата „Св. Троица“.
Историја
[уреди | уреди извор]Џамијата се споменува во написот „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“, објавен во српскиот весник Политика на 21 ноември 1934 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на џамијата има четириаголна основа. Џамијата има едно минаре со полукружна основа врз многуаголен постамент. Минарето има едно шерефе. Дворот на џамијата е ограден со метална ограда и во него има шадрван.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“. OldPrilep. 16 март 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Џамија (Десово) на Ризницата ?
