Џамија Хаџи Махмуд Бег (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џамија Хаџи Махмуд Бег
Bitola 12 (2825531029).jpg
Основни податоци
МестоБитола, Општина Битола
Припадностсунитски ислам
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоБитолско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Завршен1522
Особености
Куполи1
Минариња1
Материјаликамен

Џамијата Хаџи Махмуд Бег е муслимански храм кој се наоѓа во Битола, Македонија.

Џамијата била изградена во 1521/1522 година, додека била реновирена во 1873 година. Таа се наоѓа во Рибниот пазар, во Старата чаршија на левата страна од реката Драгор.

Џамијата била изградена по наредба на управникот на градот Хаџи Mахмуд Беј, познат како Томрук ага, кој основал вакаф што се состоел од сума од 300.000 аспри, недвижен имот и приходи од неколку населби. Медресата 'Турклер' и анот биле дел од комплексот, a џамијата била изградена во селџучки стил со основа од 11,50 м x 11,50 м и минаре од полихромна декорација, кое делумно настрадало во земјотрес во поново време[1].

Наводи[уреди | уреди извор]