Џамија Халид Ефенди (Слупчане)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Халид Ефенди
Основни податоци
МестоСлупчане, Општина Липково
Припадностсунитски ислам
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоКумановско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Завршен1415
Особености
Куполи1
Минариња1
Материјаликамен

Џамијата Халид Ефенди е муслимански храм кој се наоѓа во селото Слупчане, Општина Липково, Македонија.

Според архивските податоци на Кумановското муфтиство џамијата била изградена во 1415 година[1]. Таа била изградена од самиот придонес на селаните и била повеќепати реконструирана за време на своето постоење, и тоа во 1936, 1969, 1987, додека во 1994 била реконструирана целата џамија со минарето. Во истиот период била поставена мермерна плоча нарекувајќи ја “Бедр“ .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Џамијата на Бедр (македонски). Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-09-29. Џамијата на Бедр (македонски)]