Џамија Имам Али
| Џамија Имам Али حرم الإمام علي | |
|---|---|
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Локација | |
| Локација | |
![]() | |
| Географски координати | 31°59′46″N 44°18′51″E / 31.99611°N 44.31417°E |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
Џамијата Имам Али (арапски:حرم الإمام علي ) е муслимански храм кој се наоѓа во Наџаф, Ирак. Овој храм е познат и како Месџид Али или Гробот на Али. Али е исламски водач и роднина на пророкот Мухамед, првиот имам и четвртиот калиф[1]. Според шиитското верување[2], закопани до Али во оваа џамија се посмртните останки на Адам и Нух (Ное)[2][3]. Објектот бил изграден во 977 година, на неколкупати оштетуван и повторно реконструиран. По нападот на САД врз Ирак во близината на џамијата се случиле многу напади, како убиството на шиитскиот водач Абдул Маџид ал-Коел во 2003 година, истата година експлозија од автомобил-бомба каде загинале околу 120 луѓе, во 2004 година од минофрлач била оштетена портата на храмот, во 2006 година од експлозија повторно биле убиени околу 40 луѓе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ali“, Wikipedia (англиски), 2021-04-25, Посетено на 2021-04-28
- 1 2 al-Qummi, Ja'far ibn Qūlawayh (2008). Kāmil al-Ziyārāt. Shiabooks.ca Press. стр. 66–67.
- ↑ „Al-Islam.org“. Архивирано од изворникот на 2017-03-17. Посетено на 2023-01-16.
| Оваа статија џамија или друго исламско светилиште е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
