Карши Чифлик

Координати: 41°16′N 24°29′E / 41.267° СГШ; 24.483° ИГД / 41.267; 24.483
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ќучук Чифлик)
Карши Чифлик
Ξάγναντο
Карши Чифлик is located in Грција
Карши Чифлик
Карши Чифлик
Местоположба во областа
Карши Чифлик во рамките на Бук (општина)
Карши Чифлик
Местоположба на Карши Чифлик во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°16′N 24°29′E / 41.267° СГШ; 24.483° ИГД / 41.267; 24.483
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБук
Надм. вис.&10000000000000252000000252 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно43
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Карши Чифлик или Ќучук Чифлик (грчки: Ξάγναντο, Ксагнато)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 52 километри североисточно од градот Драма и на 3 километри северно од центарот на општината, Бук.

Селото се наоѓа на надморска височина од 252 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 110 жители од кои 50 Македонци и 60 цигани[4][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ксагнато.[3] Кон 1928 година селото било целосно бегалско со 17 семејства и вкупно 72 лица[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1940 година селото броело 148 жители, на пописот од 1951 имало 179 жители, 1961 година во селото живееле 160 жители, во 1971 година имало 73 жители, во 1981 година имало 41 жител, додека во 1991 година имало 95 жители[7]. Денеска, населението на селото е 43 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 148 179 160 73 41 95 117 43
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. 3,0 3,1 „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 34.