Мал Бешик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ќучук Бешик)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мал Бешик
Μικρά Βόλβη
Мал Бешик is located in Грција
Мал Бешик
Мал Бешик
Местоположба во областа
Мал Бешик is located in Бешик
Мал Бешик
Местоположба на Мал Бешик во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 23°33′E / 40.800° СГШ; 23.550° ИГД / 40.800; 23.550Координати: 40°48′N 23°33′E / 40.800° СГШ; 23.550° ИГД / 40.800; 23.550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаРендина
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно555[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Мал Бешик или Микра Волви (грчки: Μικρά Βόλβη) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Микра Волви бил дел од општина Рендина[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 13 километри западно од Ставрос и 69 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 65 метри, на североисточниот брег од Бешичко Езеро во подножјето на Богданска Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Мал Бешик било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Бесикија (Bésikia) живееле 210 Грци.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Турци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 15 Грци[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштиле своите домови.

Во 1927 година селото било прекрстено во Микра Волви.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било мешано со 43 семејства и со население од 165 луѓе[6], додека во 1940 година селото броело 427 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 659 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 860 жители, во 1971 година имало 730 жители, во 1981 година имало 691 жители, додека во 1991 година имало 719 жители[7] а во 2001 имало 770 жители. Денеска, населението на селото е 555 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 427 659 860 730 691 719 770 555
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 33.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]