Ќулав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ќулав е полукружна капа од валана бела волна, која се носи под фес.

Ќулавот се смета за една од најстаријите српски народни капи, која настанала во народна средина, од домашните материјали. Под влијание на други несловенски народи, оваа капа претрпела доста промени, како во изгледот, така и во името.[1] Ќулав е име кое преовладало и тоа е со турско-персиско потекло. Ќулавот бил носен и од христијанското и од муслиманското население.[2]

Оваа капа ја изработувале мајсторите ќулавџии главно од бела, а од 1912 година се сретнуваат и ќулави од црна волна. Таа била во купест облик, со длабочина од околу 10 см и со пречник од околу 20 см. Во зима и по постудено време околу ќулавите се обавиткувале бели шалови, кои на едниот крај имале ресички. Се обавиткувал три пати околу капата и ушите, а потоа, на четири еднакви дела, уште два пати преку челото и окципутот, тако да ресичките се закачувале одзади.

Ќулавот е носен на подрачјето на Сеничко-пештерската висорамнина, во Поморавието, Рашка, Косово и Метохија. Ќулавот со рамно дно се носел во Старата Црна Гора и во црногорските ридови, и тоа под различни имиња.

Носијата во Србија од ослободувањето од Турција во 1912 година значително се менува, така да од овој период ќулавот полека го снемувало од употреба, а првата промена се гледа со замената на белата волна со црна. Од овој период Србите почесто ќе почнат да носат Шајкача.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бјеладиновић, Јасна (1981.). Српска народна ношња у Сјеничко-пештерској висоравни, у: Гласник Етнографског музеја у Београду, књига 45. Београд. стр. 81-82. 
  2. Бјеладиновић, Јасна (1992.). Компаративно одређење народне ношње српског и муслиманског становништва Сјеничко-пештерске висоравни у односу на суседне и друге области, у: Гласник Етнографског музеја у Београду, књига 56. Београд: Етнографски музеј у Београду. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Б. Јасна, Српска народна ношња у Сјеничко-пештерској висоравни, у: Гласник Етнографског музеја у Београду, књига 45., Етнографски музеј у Београду, Београд, 1981.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]