Ќемане (македонско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кеманиња изложени во Музејот на Македонија

Ќемане/Ќеменемакедонски народен жичен инструмент кој се изработува од повеќе типови на дрво како: орев, скоруша (вид на дива круша), јавор (клен), круша, ц’рница а за изработување на корпусот додека капакот се изработува од чам и бор. Сите изработувачи кои имавме можност да ги снимиме, за изработување на ќемене претежно употребуваат материјал кој што може да се пронајде во нивното непосредно опкружување.

Податотека:Трожично, Четирижично и Петжично ќемане.png
Приказ на ќеманиња со различни броја на жици: трожично, четирижично и петжично

Големо влијание во изборот на материјал има местото на живеење на каква надморска височина, дали живее на повисоки, планински, или пак на пониски, низински предели што влијае на самата вегетација од која зависи и типот на дрвата кои што оптсојуваат во тие услови. Можеме да кажеме дека изработувачите на некој начин се условени од самата природа која што им го обезбедува репроматеријалот од кој тие ќе ѓи изработуваат инструментите.

За разлика од останатите народни музички инструменти кои воглавно имаат одредена дефинирана и востонавена форма, кај ќеменето формата може да биде мошне варијабилна и со изразена индивидуалност која е карактеристична за самиот изработувач кој на овој начин се идентификува во средината. [1]

Кеманиња изложени во Музејот на Македонија

Ќемане (виолина) од пченка[уреди | уреди извор]

Ќемане (виолина) од пченка – називот ќемане е повообичаен и пораспространет. Како материјал за изработка на овој инструмент служат страковите од пченка. Стракот се сече на две соседни колена. Растојанието меѓу нив го диктираат колената.

Звукот се произведува со движење на едниот преку другиот страк. При движењето на едниот страк преку другиот, настанува некакво чкртање, цимолечки глас со неодредена височина. Инструментот го користат иска како детска играчка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Славишки Зборник бр. 2 (страна 163 - 164)“ (PDF).