Прејди на содржината

Ќамила Мичијевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ќамила Мичијевиќ
Лични податоци
Роден(а) 8 септември 1994(1994-09-08)(29 г.)
Хајденхајм, Германија
Националност Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
Хрватска Хрватска
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001940000001,94 м
Позиција лев Бек
Клупски податоци
Тековен клуб Мец Мец
Број 8
Сениорски клубови
2011–2016
2016–2020
2020–
Замет Замет
Дунаујварош
Мец Мец
Репрезентација
  Хрватска Хрватска 43 (122)

Ќамила Мичијевиќ (родена на 8 септември 1994 година)[1] е босанска и хрватска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Мец во Франција.

Кариера[уреди | уреди извор]

По потекло од Мостар, таа е родена во егзил во германскиот град Хајденхајм. По крајот на Војна во Босна и Херцеговина, таа се врати во Мостар со своето семејство во 1998 година, каде што остана до своја 15-та година.[2] Таа прво играше во Локомотива, подоцна во Катарина каде ќе биде забележана од тренерот Едо Шмит и дојде во Риека.[3]

Камила ја продолжи кариерата во Замет во која таа играше пет години.[4] По Замет, во 2016 година замина во унгарскиот Дунаујварош, а од 2020 година е член на Мец во Франција. Таа не можеше да игра за женската репрезентација на Босна и Херцеговина, бидејќи во времето на поканата за хрватската репрезентација, босанската репрезентација не постоеше.[5][6] Таа настапи за Хрватска на три Европски првенства во 2014, 2016 и 2020 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ćamila Mičijević Profile“. European Handball Federation. Посетено на 27 Април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Mostarka Ćamila Mičijević vodi komšije do medalje: Dijete rata otkriva svoj trnovit put do Hrvatske“. Avaz.ba (босански). Посетено на 27 Април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Mostarka je najbolji strijelac i asistent Hrvatske na Euru“. Dnevno.ba (босански). 10 Декември 2020. Посетено на 27 Април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Mostarka prevodi hrvatske rukometašice prema medalji i poručuje: "Stalno pjevam… i protiv Dinama i protiv Hajduka bit ćemo uz tebe…". Novilist.hr (хрватски). 10 Декември 2020. Посетено на 27 Април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Mostarka ĆAMILA MIČIJEVIĆ predvodi senzacionalne rukometašice Hrvatske u borbi za tron na Evropskom prvenstvu!“. slobodna-bosna.ba (англиски). 9 Декември 2020. Посетено на 27 Април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Ćamila Mičijević za Klix.ba: Medalja je cilj Hrvatske na Evropskom prvenstvu“. Klix.ba (босански). 8 Декември 2014. Посетено на 27 Април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)