Њујорк: Аџилак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Њујорк: Аџилак“
200п
Постер на филмот
РежисерСлавчо Ковилоски
ПродуцентСтојан Каевски
Александар Ковилоски
МузикаHHM Project
МонтажаГаврило Маријан
Премиера21 август 2020 (2020-08-21) (DORF Festival во Винковци, Хрватска)
Времетраење39 минути
ДржаваМакедонија
Јазикмакедонски
англиски

Њујорк: Аџилак (New York: The Pilgrimage) е македонски музички документарен филм од 2020 година, своевидно патешествие низ улиците на Њујорк, родното место на хип-хоп културата.[1] Режисер и сценарист на филмот е Славчо Ковилоски, а како продуценти се јавуваат Стојан Каевски и Александар Ковилоски. Филмот е изработен како во продукција на Хип Хоп Македонија, Урбан Институт-Скопје и Перун Филмс. Времетраењето е 39 минути. Поради експлицитниот јазик и експлицитните сцени категоризиран е со ознаката 16+.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се однесува на видувањето на еден претставник на хип-хопот од Македонија, кој решава да ги посети најзначајните места во Њујорк, а кои се однесуваат на хип-хопот. Филмот започнува со сцени од македонската хип-хоп и урбаната култура во Скопје и скопските клубови, а понатаму се одвива на улиците на Квинс, Харлем, Шпански Харлем, Бронкс и Бруклин. Дел од сцените се однесуваат на муралите на рап артистите Биг Л (Big L) и Ноториус БИГ (The Notorious B.I.G.), на битбокс и b-boy настапи, на растењето на градот Њујорк и на претставување на македонската хип-хоп култура во САД. Сите тие културни влијанија, расни проблеми и борби за права се прикажани во културна смисла. Главна цел е да се направи паралела помеѓу развојот на хип-хопот во САД и во Европа, поточно во Македонија, каде што хип-хопот се појави на почетокот од 90-тите. Овој документарец исполнет со музика од златното време на хип-хопот и слики од гетата и местата каде што се развиваше оваа култура, даваат личен приказ за градот што го доживеал авторот на филмот, кој пораснал со хип-хоп културата.[3]

Филмот е сниман во 2018 година, а реализиран е во 2020 година.

Фестивали[уреди | уреди извор]

Премиерата на „Њујорк: Аџилак“ се случи на фестивалот ДОРФ во Винковци, Хрватска,[4] по што следуваше македонската премиера на Синедејс во Скопје[5] и на Dok’ n’ Ritam во Белград, Србија.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „БРАЌАТА КОВИЛОСКИ НА ХИПХОП АЏИЛАК ВО ЊУЈОРК: Пешачевме по триесетина километри дневно, исцрпени, но и пресреќни…“. infedream (англиски). 2020-09-22. Посетено на 2021-02-17.
  2. „ЊУЈОРК: АЏИЛАК – cinEdays 2020“. Посетено на 2021-02-17.
  3. „Macedonian premiere of the documentary "New York: Pilgrimage", interview with Dr. Slavcho Koviloski, professor and director: Hip-hop culture has unknowingly entered our everyday life - Free Press“. Слободен печат (англиски). 2020-09-19. Посетено на 2021-02-17.
  4. „2020DORF-New York – Hodočasništvo – Dorf film festival“ (англиски). Посетено на 2021-02-17.
  5. „ЊУЈОРК: АЏИЛАК – cinEdays 2020“. Посетено на 2021-02-17.
  6. „Njujork – Hodočašništvo“. Doknritam (англиски). Посетено на 2021-02-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]