Његошев мавзолеј

Координати: 42°23′57″N 18°49′06″E / 42.3991° СГШ; 18.8184° ИГД / 42.3991; 18.8184
Од Википедија — слободната енциклопедија
Његошев мавзолеј
Мавзолејот во 2007
МестоположбаПланина Ловќен, Црна Гора
Координати42°23′57″N 18°49′06″E / 42.3991° СГШ; 18.8184° ИГД / 42.3991; 18.8184
Изграден1974
Изграден заПетар II Петровиќ - Његош
АрхитектИван Мештровиќ
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Фигура на Његош со орел во мавзолејот
Каријатиди на влезот во мавзолејот

Његошев мавзолеј се наоѓа во националниот парк Ловќен, на Езерскиот Врв (1.657 m), втор по височина врв на планината Ловќен. Посветен му е на Петар II Петровиќ - Његош. Подигнат е по замисла на хрватскиот вајар Иван Мештровиќ. Од Цетиње до мавзолејот води асфалтен пат во должина од 21 км. До мавзолејот водат скали со 461 скалило,[1] кои проаѓаат низ тунел пробиен во масивот на Ловќен.

Мавзолејот е подигнат на место на кое претходно се наоѓала капела – Његошевата заветна црква која околу 1845 година за време на животот ја подигнал Његош во слава на Свети Петар Цетињски, со желба да биде погребан во неа. Црквата е гранатирана во двете светски војни за да конечно биде срушена во 1974 година, и покрај спротивставувањето на Митрополијата и православните верници, и на нејзиното место е подигнат денешниот мавзолеј.

Његошева скулптура, со орел со раширени крилја над главата

Историја[уреди | уреди извор]

Стара капела - Његошевата заветна црква[уреди | уреди извор]

Старата капела, Његошевата заветна црква се наоѓала на Езерскиот Врв, на планината Ловќен. Црквата-капела, посветена на Свети Петар Цетињски, ја подигнал по своја замисла Петар II Петровиќ - Његош, во 1845 година, со желба да биде погребан во неа. Поради стравот дека Турците би можеле да го осквернават гробот, Његош сепак бил погребан во Цетињскиот манастир, за да на 27 август 1855 година неговите коски бидат пренесени на Ловќен.[2][3] Аманетот во неа и да почива го исполнил кнезот Данило, изнесувајќи ги со највидните Црногорци Његошевите посмртни остатоци на Езерскиот Врв. Езерскиот Врв бил мета прво на Турците, а потоа и во текот на Првата светска војна, кога во 1916 година австроунгарската војска ја срамнила капеличката до земја,[4] бомбардирајќи ја од Бококоторскиот Залив. По војната црквата е обновена и повторно е осветена на 12 септември 1925 година. Капелата е срушена во 1972 година, за да на нејзиното место во 1974 година биде подигнат денешниот Његошев мавзолеј.

Изградба на мавзолејот[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mauzolej na Lovćenu“. Montenegro travel. Zvanični sajt turizma Crne Gore. Посетено на 19 мај 2020.
  2. „Kapela na Lovćenu Njegoševo remek-delo“. b92. Посетено на 24 јуни 2017.
  3. „Његошева Капела“. Српска земља Црна Гора. Посетено на 24 јуни 2017.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име cetinje4you.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]