Љуљзим Исмаили
Изглед
Љуљзим Исмаили Lulzim Ismaili | |
---|---|
Прекари | Љуљи |
Роден | Нераште |
Род | ![]() |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Љуљзим Исмаили (албански: Lulzim Ismaili; роден во Нераште) познат како Командант Љуљи ― поранешен член на ОНА, односно командант во 112 регионална бригада задолжена за Тетовско.[1]
Тој бил задолжен од т.н. „генералштаб на ОНА" да ја води истрагата за 12-те исчезнати македонски цивили.[2] На 28 декември 2001 во весникот „Факти“, тој изјавил дека од страна на ОНА биле пронајдени две тела на киднапираните Македонци и се чекало на обдукција да извршат меѓународни лекари. Бил член на централното претседателство на ДУИ за време на изборите во 2002 година, на кои бил замешан во повеќе изборни инциденти.[3] Обвинуван е за рекетарство и киднапирања.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 84
- ↑ „"Командант Љуљи" знаел каде се телата на двајца Македонци“. Дневник. Посетено на 2011-02-18.[мртва врска]
- ↑ „ТЕТОВО И ГОСТИВАР Мирно, со многу забелешки“. Дневник. Посетено на 2011-02-18.[мртва врска]
- ↑ „Самопрогласените команданти на ОНА предавници, крадци и наркомани“. А1. 4 февруари 2002. Посетено на 2011-02-18.