Љупчо Спировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Спировски
Лични податоци
Полно имеЉупчо Спировски
Роден(а)1950
Битола, СФРЈ, денес Македонија
Спорт
ЗемјаСФРЈ СФР Југославија
СпортАлпско скијање

Љупчо Спировски (Битола, 1950) — поранешен македонски алпски скијач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Спировски е роден во Битола во 1950 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Од пионерски денови почнал да се занимава со скијање и бил повеќекратен пионерски, младински и сениорски првак на Македонија.

Бил член на скијачкиот клуб Пелистер, на Македонската репрезентација, а бил и еден од осумтемина носители на олимпиското знаме на Олимпијадата во Сараево во 1984 година.[1]

Успеси[уреди | уреди извор]

Спировски бил во врвот на македонското скијање во подолг период, а забележал и успеси на југословенско ниво.[1]

  • Шест пати бил победник на Пелистерскиот велеслалом
  • Шест пати бил победник на меморијалот „Биро“ во Крушево
  • Шест пати бил победник на меморијалот „Чанак-Флејта“ на Попова Шапка
  • Неколкупати победник на тромечите Македонија–Србија–Црна Гора
  • Шесто место во алпска комбинација во Југославија во 1975 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Зоран Михајлов (11.01.2021). „Љупчо Спировски: Планината е моја опсесија“. Нова Македонија. Посетено на 6 ноември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)