Љупчо Сантов
Љупчо Сантов | ||
Роден | 17 март 1921 година Кочани | |
---|---|---|
Починал | 23 март 1944 Главовица Убиен од бугарскиот фашистички окупатор. |
Љупчо Ефремов Сантов (17 март 1921, Кочани – 23 март 1944, Главовица) — македонски партизан и учесник во НОБ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Љупчо Сантов е роден на 17 март 1921 г., како прво дете во семејството на Надежда и Ефтим Сантови. Основно училиште завршува во родниот град, а продолжува во велешката гимназија. По завршувањето на гимназијата 1938/39 со одличен успех се запишува во Белград на Електротехничкиот факултет, со другарот од гимназија Цветко Челак. Таму се поврзува со велешките работници, блиски со студентите и влегува во илегалното револуционерно движење.
Учествува во декемвриската демонстрација 1940, во мартовските демонстрации 1941,и го доживува првото апсење во 1940, распореден во групата истакнати комунисти и организатори на демонстрациите. Затоа е ѕверски мачен, но неговата цврста воља на вистински комунист совладува сѐ. Кога во декември 1940 дошла вест дека е уапсен во „Главњача”, најголемо мачилиште на комунистите во Југославија, неговите го испраќаат во Белград чичко му Киро Ефремов, угледен и близок со бившите пратеници од Кочани, Воја Ѓорѓевиќ и Мито Димитриевиќ.
Во април 1940 се враќа во Кочани, каде го затекнува војната. Летото 1941 никнуваат првите партиски групи, а есента се создава партиско раководството, во кое влегуваат Љупчо, Благој Попов, Бота Трендова, а подоцна и други.
Во 1941 се запишува на природноматематичкиот факултет во Софија. На преден план секогаш му се партијата и борбата против окупаторот. Наскоро се враќа во Кочани, по налог на партијата. Во 1942 во партиската организација се постигнати многу добри резултати, но активноста е прекината со неочекуваната провала по апсењето на Киро Бихаќ, дојден од Штип. Потоа се уапсени Љупчо, Благој, Бота и други комунисти. На судењето 1943, е осуден на една година условно. По излегувањето, повторно создава партиска организација, станувајќи нејзин секретар.
Во април 1943,по директива на Добривое Радосављевиќ, член и делегат на СКЈ, Љупчо престојува во Скопје.
Од Кочани, по одлука на партиската организација, на 17 мај заедно со Раде Кратовче одат во илегалство. Во придружба на брат му Методи излегува од Кочани, по што тој и Раде со помош на Ангел и Крум Митеви се префрлени во месноста Осое, во село Вранинци. Првите врски се одржувани преку Павлина Сантова, Крум и Ангел Митеви и мајка му Надежда (која одржува врска и со Нада Попова и Геро Максимов), а подоцна директно преку Коле Лазаров.
Истовремено излегува и штипската група на чело со Тошо Арсов и Ванчо Прке, но до средба меѓу нив не дошло, бидејќи штипската е разбиена на патот за Плачковица, кога Тошо и Ванчо загинуваат. Зимата по неуспешен обид за префрлање во село Теранци, одат во Старо Село кај Коле Лазаров. Се состанува со повеќе лица, така што создава во разни села групи активисти.
Љупчо Сантов бил еден од активните млади антифашисти уште од почетокот на НОВ. Како младинец од Кочани, тој учествувал во формирањето на читалиштето „Искра“, кое станало средиште на прогресивната младина и на поддржувачите на народноослободителното движење. Љупчо Сантов загинал заедно со Раде Кратовче на 23 март 1944 година во селото Главовица, на падините на Осоговските Планини.
Бидејќи потоа куќата била запалена, семејството привремено се сместува во куќата на дедо му Пане Ефремов.
Кон крајот на октомври 1944 г. по повод неговата смрт, сочувство на семејството дошле да изразат Светозар Вукмановиќ Темпо и Лазар Колишевски.
Чествување
[уреди | уреди извор]Во негова чест е именувано средно училиште во Кочани, а подигнат е и споменик на местото на загинување во селото Главовица, како и во Старо Село, близу Вранинци, каде работат како илегалци од почетокот на мај 1943 до средината на март 1944, и бисти во градскиот парк во Кочани, пред домот на културата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Одбележана 77-годишнината од смртта на кочанските антифашисти Љупчо Сантов и Раде Кратовче“. Општина Кочани. 23 март 2021. Посетено на 30 март 2021.