Прејди на содржината

Љупчо Самарџиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Самарџиски
Роден 4 октомври 1947
Скопје, СФРЈ денес Македонија Македонија
Починал 22 април 2014
Слиема, Малта,  Малта
Занимање сликар, солист на контрабас и композитор

Љупчо Самарџиски (Скопје, 4 октомври 1947Слиема, Малта, 22 април 2014) — еден од најзначајните македонски мултимедијални уметници со интернационално реноме, сликар, солист на контрабас и композитор.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Самарџиски е роден на 4 октомври 1947 година во Скопје. Музичките студии ги заврши на академиите во Белград и во Љубљана. Како контрабасист бил член на Словенечката филхармонија и на Симфонискиот оркестар на Радио-телевизија Белград. Од 1985 до 1993 година престојувал во Париз, додека од 1995 година со самта смрт континуирано живеел и работел на Малта. Како солист на контрабас настапувал во речиси сите држави во Европа, но и во САД, Канада, Мексико и Бразил. Солистички концерти на контрабас, но и мултимедијални перформанси изведувал во најпознатите светски концертни сали, како престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк, „Бетовен хол“ во Виена, „Мјузик центар“ во Утрехт, музејот „Стеделијк“ во Амстердам, на универзитетот „Сорбона“, во УНЕСКО во Париз, во Народната филхармонија во Варшава и многу други. Повеќе од 1.200 минути свои композиции, како и композиции од домашни и странски композитори што му беа посветени на него, ги сними со својот контрабас за потребите на најзначајните радиостаници во Европа и на американскиот континент. Мастер-часови држел на универзитетот во Питсбург, САД. Во последните години од својот живот Самарџиски интензивно и посветено се занимавал и со сликарство. Познат е неговиот циклус „Радоста на животот“, а негови слики се наоѓаат во повеќе национални, музејски и приватни колекции на сите континенти. Бил член на повеќе значајни светски уметнички асоцијации, меѓу кои и УНЕСКО-ФИАМ. Во март 2014 година ги отворил отворил две последни изложби од циклусот „Духот на пијаното“ во галерии во Виена и во Марибор. Неговата последна изложба во Македонија се одржала од 4 до 16 октомври 2012 година, во Културно-информативниот центар во Скопје, кога по повеќе од 25 години со своите дела кратко се вратил во родната Македонија. На 22 април 2014 година по кратко боледување починал на Малта.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]