Љупчо Неделковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Неделковски
Роден 1953
Починал 6 јули 2009
Скопје, Македонија Македонија
Занимање каратист и кик боксер

Љупчо Неделковски ( 1953 - Скопје, 6 јули 2009) — македонски каратист и кик боксер, основоположник на кик боксот во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Неделковски е роден 1953 година. Тој целиот свој живот им го посвети на боречките спортови, прво на каратето, во кој беше шампион на Македонија и вицепрвак на поранешна Југославија, а потоа ги удрил темелите на кик боксот во Македонија, основајќи го Кик бокс сојузот во 1995 година. Функцијата претседател ја извршувал со исклучителна енергија сè до својата прерана смрт, развивајќи плејада врвни и трофејни кик боксери, а круна на неговите напори било Европското првенство во кик бокс, што се одржало во Македонија во 2006 година. Починал во Скопје на 6 јули 2009 година.[1] Во негова чест, кик боксинг федерацијата на Македонија одржува меморијален турнир што го носи неговото име.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „In Memoriam“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-11.
  2. Се одржа „IV Меморијален куп –Љубчо Неделковски" во Кик Бокс. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-08-11.