Љулин (планина)
| Љулин | |
|---|---|
| Люлин | |
Поглед кон планината Љулин од соседната планина Витоша. | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.256 м |
| Друго име | Люлин |
| Географија | |
| Место | |
| Матичен венец | Средна Гора |
| Искачување | |
| Најлесен пат | Лесно планинарење. |
Љулин (бугарски: Люлин) е планина во Западна Бугарија. Планината се наоѓа на 5 км југозападно од главниот град Софија. Нејзината највисока точка е врвот Дупевица, кој е висок 1256 метри надморска височина. Љулин е одделена од планината Витоша со Владајскиот премин, каде тече Владајската река. Геолошки, Љулин е дел од Софиското средногорие[1].
Географија
[уреди | уреди извор]Бучинскиот премин ја дели планината Љулин на два дела — западен и источен. Источниот дел на планината е повисок и на него се наоѓа нејзиниот првенец - врвот Дупевица. Блиску до него се наоѓа интересното место Добринова карпа која претставува вертикална карпа од која се може да се види панорамски поглед на главниот град Софија, гратчето Банќа и на соседната планина Витоша. Во северното подножје на планината се наоѓаат софиските населби Мало Бучино и Банќа, а во јужната — Књажево и Владаја, а во источното — Горна Бања.
Туризам
[уреди | уреди извор]Љулин е лесно достапна планина. Има добро обележани пешачки патеки. На планината се наоѓат бунгаловите „Љулин“ (1040 м) и „Бонсови ливади“. Во западниот дел на планината е Дивотинскиoт манастир, а во северниот урнатините на стариот манастир „Св. Крал“ (Св. Кирил и Методиј). На врвот Рајловско градиште има остатоци од тврдината на Кракра Пернички. По јужните падини на Љулин се изградени неколку санаториуми за белодробни и други заболувања.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мичев, Николай и др. Географски речник на България. София, Наука и изкуство, 1980. с. 296.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Љулин (планина)“ на Ризницата ? |
- Љулин Планина (бугарски)
