Људмила Пајдушакова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Људмила Пајдушакова (29 јуни 1916 – 6 октомври 1979) била словачки астроном.

Се специјализирала за соларна астрономија, и открила неколку комети, меѓу кои периодичната комета 45P/Хонда-Мркос-Пајдушакова,[1] и не периодичните комети C/1946 K1 (Пајдушакова-Ротбарт-Вебер), C/1948 E1 (Пајдушакова-Мркос), C/1951 C1 (Пајдушакова) и C/1953 X1 (Пајдушакова).

Своите набљудувања на небото ги вршела од опсерваторијата „Скалнате Плесо“, и е избрана за трет директор на опсерваторијата во периодот од 1958 до 1979 година. Oд 1962 до 1974 година била претседател на Словачкото астрономско друштво.[2]

Астероидот 3636 Пајдушакова е наречен по неа, а кој е откриен на 17 октомври 1982 година од чешкиот астроном Антонин Маркос во опсерваторијата Клет.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zem tesne minula slovenská kométa“, hnonline.sk., 15 август 2011 (посет. 9 декември 2011 г). (на Slovak)
  2. Obituary – Pajdusakova, L. 1916 – 1979, Kresak, L., Bulletin of the Astronomical Institutes of Czechoslovakia, Vol. 31, P. 128, 1980.
  3. (3636) Pajdusakova = 1973 AB4 = 1980 DU2 = 1982 UJ2, IAU Minor Planet Center

Надворешни врски[уреди | уреди извор]