Људмила Павличенко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Људмила Михајиловна Павличенко
12 јули, 1916 - 10 октомври, 1974
Lyudmila Pavlichenko, before title.png
Роден во:Бела Церква, Руска империја (сега Украина)
Починал во:Москва, РСФСР, СССР
Служба во:Советски Сојуз, Црвената армија
Период на служба:1941 – 1953
Чин:Мајор
Единици:25-та Стрелачка Дивизија
Битки/војни:Втора светска војна
Одличја:Ленин (орден)
Херој на Советскиот Сојуз
Други занимања:Советскиот комитет на ветераните на војната

Људмила Михајиловна Павличенко (украински: Людмила Михайлівна Павличенко; руски: Людмила Михайловна Павличенко; 12 јули 1916 – 10 октомври 1974) — советски снајперист во текот на Втората светска војна. Кредитирана со 309 убивства, а се проценува дека со некредитираните бројот е близу до 500, таа се смета за најуспешната снајперистка во историјата.[1][2]

Родена во Била Церква на 12 јули 1916 година, Павличенко се пресели во Киев со своето семејство на возраст од 14 години. Таму се приклучи на клуб и се разви во аматер снајперист, додека работела во фабриката Киев Арсенал.[3] Во 1937 година, како студент на Киевскиот универзитет го завршува мајсторкиот степен во историја на Богдан Хмелницки.[4]

Во јуни 1941 година, 24-годишната Павличенко било во својата четврта година од студирањето по историја на Универзитетот во Киев кога Германија ја започна инвазијата на Советскиот Сојуз.[3] Павличенко беше меѓу првите волонтери во канцеларијата за регрутирање, каде што побарала да се приклучи на пешадијата;[3] Павличенко ја имала можноста да стане медицинска сестра, но одбила; "Јас се приклучив на армијата кога жените се уште не биле прифатени".[3] Таа стана една од 2.000 жени снајперисти во Црвената армија, од кои околу 500 ја преживеале војната.[3]

Павличенко се бореше околу два и пол месеци во близина на Одеса, каде што убила 187.[4] Кога Романците ја презеде контролата на Одеса нејзината единица беше испратена во Севастопол на Кримскиот Полуостров,[4] каде таа се бореше повеќе од 8 месеци.[3][5] Во мај 1942, полковник Павличенко беше цитирана од страна на Советот на Јужната Армија за убиството на 257 германски војници. Нејзиниот вкупен број потврдени убивства за време на Втората светска војна бил 309,[2][3] вклучувајќи 36 непријателски снајперисти.

Во јуни 1942 година, Павличенко била ранета од минофрлачки оган. Поради нејзиниот растечки статус таа беше повлечена од борбите помалку од еден месец откако заздравела.

Имајќи го стекнато рангот на мајор, Павличенко никогаш не се врати во борбата но стана инструктор и обучувла Советски снајперисти до крајот на војната.[3] Во 1943, таа беше наградена со Златна Ѕвезда на Херојот на Советскиот Сојуз,[6] и беше комеморирана на советска поштенска марка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lady Sniper, TIME Magazine (Monday, September 28, 1942)
  2. 2,0 2,1 Pat Farey; Mark Spicer (5 May 2009). Sniping: An Illustrated History. MBI Publishing Company. стр. 129. ISBN 978-0-7603-3717-2. http://books.google.com/books?id=l1a-kB-1MMAC. посет. 18 март 2011 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Heroines of the Soviet Union 1941-45 by Henry Skaida, Osprey Publishing, 2003, ISBN 1841765988/ISBN 978-1841765983, page 31
  4. 4,0 4,1 4,2 Women and War: A Historical Encyclopedia from Antiquity to the Present by Arthur Bernard Cook, ABC-CLIO, 2006, ISBN 1851097708/ISBN 978-1851097708, page 457
  5. 1Павличенко Людмила Михайловна, Country's Heroes (warheroes.ru) (руски)
  6. Henry Sakaida; Christa Hook (2003), Heroines of the Soviet Union 1941-45 90, Osprey Publishing, стр. 21, ISBN 978-1-84176-598-3, конс. 2011-12-03 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]