Људевит Бариќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Људевит Бариќ во 1931 година.

Људевит Бариќ (Загреб, 20 октомври 1902 годинаЗагреб, 19 септември 1984), хрватски минеролог.

Дипломирал хемија, физика и математика во Загреб. Голем дел од работниот век го поминал во Минералошкиот Музеј во Загреб, каде што тој бил директор 19 години. Во домашни и странски списанија му се објавени повеќе од 200 научни и стручни трудови, особено од областа на кристалоградбата и кристалооптиката. Има добиено бројни признанија и награди, меѓу другото, Наградата за животно дело.

Во 1930-тите години бил еден од двајцата предводници на подолготрајни теренски истражувања - минералошки експедиции низ Македонија, од кои вредните фотографии биле претставени на посебна изложба во МАНУ во декември 2015 година.