Љубљанска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубљанска тврдина
Ljubljanski grad
Ljubljanski grad-stolp.JPG
Изглед твгрдината
Општи податоци
ГрадЉубљана
ЗемјаСловенија

Љубљанската тврдина се наоѓа во престолнината на Словенија, Љубљана. Според археолошките истражувања, областа околу денешниот замок континуирано бил населен во 1200 п.н.е. година[1], кога за првпат биле изградени некакви тврдини или објекти од тој тип и на овие простори.

Денешната тврдина била изградена во 1144 година, и за првпат се споменува како седиште на Војводство Корушка[2]. Во текот на 15 век, замокот бил проширен со големи ѕидини како и кулите кои се наоѓаат на влезот на тврдината, каде се наоѓал и подвижен мост. Во тоа време исто така била изградена и капела. Во 16 век и 17 век, постепено биле изградени и останатите делови од комплексот. Но во времето кога замокот и самиот град започнал да ја губи својата значајност, истиот започнал полека да се руши.

Во текот на 19 век замокот служел како затвор и како воена тврдина, со кое добила уште помала популарност помеѓу населението. Во 1905 година, замокот бил купен од страна на Општина Љубљана. Подготовките за реновирање на замокот започнале во 1960 година и целиот процес траел повеќе од 35 години. Во почетокот на 1990 година, објектот бил предназначен за културни манифестации. Во 2006 година била изградена жичара[3].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Festival Ljubljana
  2. Peter Štih (2010). Castrum Leibach: the first recorded mention of Ljubljana and the city's early history: facsimile with commentary and a history introduction (PDF). City Municipality of Ljubljana. ISBN 978-961-6449-36-6. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Предлошка:COBISS
  3. „5 Years of the Funicular Railway to the Castle“. City Municipality of Ljubljana. 28 December 2011. Архивирано од изворникот на 13 March 2012.