Ракита

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Љуботенска Река)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ракита
Ракита крај Вратница.jpg
Поглед на реката Ракита крај селото Вратница
ЗемјаМакедонија Македонија
Слив
Главен изворШар Планина
УстиеВардар
Физички особености
Должина14[1]

Ракита (вратнички дијалект: Раќита) — река во Полог (Долен Полог), северозападна Македонија. Се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Љуботен, во близина на населеното место Вратница.

Ракита (позната и како Вратничка Река) е составена од две притоки: Ливадичка и Љуботенска Река. Додека Ливадичката притока се формира од изворите на областа Ливадица на Шар Планина, Љуботенска Река го започнува својот пат од многубројните извори на Љуботен. И двете помали реки се составуваат во месноста Средорек и ја формираат Ракита.

После својот тек кој поминува во близина на населените места Вратница и Орашје (Горно и Долно), Ракита се влева во реката Вардар, веднаш пред неговиот влез во Дервенската Клисура.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Природни ресурси“. Општина Јегуновце. Општина Јегуновце. Посетено на 4 февруари 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°09′03″N 21°07′18″E / 42.15083° N; 21.12167° E / 42.15083; 21.12167