Љубомир Чапаровски
| Љубомир Чапаровски | ||
| Роден | 8 март 1938
Галичник, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 10 август 1999
Скопје, Македонија | |
| Занимање | универзитетски професор, интернист | |
Љубомир Чапаровски (8 март 1938 , Галичник - 10 август 1999 , Скопје) — македонски интернист-ревматолог, редовен професор, директор на Клиниката за ревматологија во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден бил во селото Галичник, каде учел само во првото одделение од основно образование, а другите одделенија како и гимназија завршил во Скопје. Во есента 1954 година, од страна на Црвен крст на Македонија бил испратен на едномесечен курс на островот Локрум кај Дубровник. Во 1963 година, тој ги завршил студиите по медицина на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1964 година работел во Интерната клиника во Скопје. Специјализација учел во Осло, Копенхаген, Стокхолм, Малме, Лондон, Единбург и Даблин.[1]
Од декември 1980 до 1998 година, бил директор на Ревматолошката клиника во Скопје, бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од 1994 до 1996 година, а бил и член на Европската и Светската лига против ревматизмот.[1]
Објавил преку 300 трудови во земјата и во странство, а добитник е на повеќе признанија во СФРЈ и Република Македонија, како и на францускиот Орден „Palme academique“ и италијанскиот „Comendatore dela R. Italiana“. Бил прогласен за почесен професор на Унизверзитетот во Кејптаун.