Прејди на содржината

Љубомир Мициќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубомир Мициќ
Роден/а16 ноември 1895 година
Јастребарско, Австроунгарија
Починат/а14 јуни 1971(1971-06-14) (возр. 75)
Панчево, СФР Југославија
ЗанимањеПоет, писател, новинар, критичар
Јазиксрпски
Апсолвент наУниверзитет во Загреб
ПериодАвангарда
Книжевно движењеЗенитизам
Значајни делаЗенит

Љубомир Мициќ (српски: Љубомир Мицић); (15 ноември 1895 – 14 јуни 1971) бил српски поет, писател, критичар, уредник и актер. Тој бил основач на авангардното движење Зенитизам и неговото списание Зенит. И тој и неговиот брат, Бранко Ве Полјански станаа истакнати авангардни уметници.[1]

|Животопис

[уреди | уреди извор]

Студирал филозофија на Универзитетот во Загреб.

Тој го основал списанието „Зенит“, основал галерија Зенит и објавил свои дела и други автори под печатот на Зенит. Зенит бил активен од февруари 1921 до април 1924 година во Загреб, а потоа во Белград од 1924 до крајот на 1926 година. Првиот уметник што соработувал со Мициќ и придонесе за ориентацијата на Зенит кон Експресионизам бил Вилко Гечан. Зенитизмот на Мициќ бил поддржан од мал број помлади југословенски уметници, имено Михајло Петров, Васа Поморишац, Јован Бијелиќ, Петар Добровиќ, Иван Радовиќ.

Мициќ работел на активно претставување на авангардна уметност во редакциите на Зенит во Загреб и Белград, а организирал меѓународни изложби на нова уметност на Зенит во Белград во 1924 година.

Мициќ најпрво бил ориентиран кон експресионистички идеи, што може да се види во воведниот текст на првиот Зенит, и во текстовите на авторите меѓу кои Милош Црњански, Станислав Винавер, Растко Петровиќ и Душан Матиќ. Покрај српските авторикон ова движее се поврзале и меѓународни писатели придонесуваји на повеќе од пет јазици, вклучувајќи го и Есперанто. Списанието воспостави врски со футуристите, вклучувајќи го и Филипо Томазо Маринети.[2]

Придружуван од Иван Галом и Бошко Токин, го објави „Манифестот на зенитизмот“ во кој тие ги кажаа своите идеи и идеологија. Покрај јасните противречности во нивните изјави, Зенитистите се залагале за антитрадиционализам, антимилитаризам и создавање нови медиуми и уметнички форми како што се радиото, филмот и џезот.

По затворањето на Зенит, тој се преселил во Париз, каде што живеел од 1927-1936 година.

Инспириран од руската авангарда, Мициќ го фаворизирал конструктивитистичкиот поглед на креативноста, негирајќи ја инспирацијата како термин во корист на работата, со јасна цел на ум. Набргу по напуштањето на експресионистичките идеи, Мициќ ја измислил идејата за „Барбарогеније“, предлагајќи балканизација и варваризација на Европа. Неговите идеи во корист на примитивната и народната уметност дошле по Првата светска војна заедно со општо разочарување во културата на Западна Европа.

Мициќ сметал дека Балканот е неистражена област која може да понуди свежина и искреност. Тој, исто така, бил силно критичен за вкупната вредност на наводната „голема“ хрватска култура која ја сметал за инфериорна во споредба со српската култура.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Неговата работа била речиси заборавена по Втората светска војна. Во неговиот стан се пронајдени документации за неговите издавачки активности, со што се стимулираат свежи истражувања за историјата и естетиката на Зенитизмот. Поседите на Мициќ, вклучувајќи голем број слики, колажи, цртежи, книги и списанија, му биле дадени на Народниот музеј на Србија во 1980 година, а денес тие се дел од постојаната изложба.[3] Починал во голема беда, во салон и помоѓен кревет во дом за старци заборавен од сите. Денес еден од врвните автори во светот.

Творештво

[уреди | уреди извор]
  • „Ритми на моите претчувства“, 1919 година.
  • „Ритми без сјај“, 1919 година.
  • „Источен грев“, 1920 година.
  • „Тајна за безбожни луѓе со чиста совест“, 1920 година.
  • „Спасение на душата“, 1920 година.
  • „Сто богови за тебе“, 1922 година.
  • „Авион без мотор“, 1925 година.
  • „Анти-Европа“, 1926 година.
  • "Харди! A la Barbarie. Paroles zénitistes d'un barbare européen", 1928 година.
  • „Зенитон, L'Amant de Fata Morgana“, 1930 година.
  • „Les Chevaliers de Montparnasse“, 1932 година.
  • „Etre ou ne pas être и Après Saraïevo – Експедиција казнена“, 1933 година.
  • „Rien sans Amour“, 1935 година.
  • „Barbarogénie le Déciviliseteur“, 1938 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Ljubomir Micić“. Архивирано од изворникот на 2025-01-28. Посетено на 2025-04-07.
  2. Ljubomir Micić
  3. Ljubomir Micić