Љубомир Котевски
| Љубомир Котевски | ||
| Роден | 3 август 1923
Скопје, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 10 август 2014 (возр. 91) Скопје, Македонија | |
| Занимање | универзитетски професор, интернист, пулмолог | |
Љубомир Котевски (3 август 1923, Скопје - 10 август 2014 , Скопје) — македонски интернист, пулмоалеролог, професор, основач и директор на Клиниката за пулмологија во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Љубомир Котевски е роден во Скопје, на 3 август 1923 година, каде завршил основно и средно образование. Есента 1945 година, тој се запишал во Белград на Медицинскиот факултет. Студиите ги завршил во мај 1951 година, и веднаш стапил на служба во Специјалната болница за ТБЦ во селото Лешок, Тетовско. Специјалистички испит по интерна медицина, тој положил во 1956 година, а во јануари 1957 година бил избран за асистент на Интерните клиники во Скопје. За редовен професор, тој бил избран во 1977 година.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Љубомир Котевски бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје, од 1978 до 1982 година. Од 1982 до 1985 година, тој бил директор на УЦМН. Тој бил основач и шеф на Одделението за пулмологија, и директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.[1] Се усовршувал на клиниките во Париз, Рим, Минхен, Лондон, Милано и Прага. Особени заслуги има за основањето и развојот на одделите за интензивна респираторна нега, за бронхоскопија за газометрија, каде вовел современи методи за дијагностика и терапија.
Бил претседател на Здружението на алерголози и клинички имунолози на Југославија, член на Меѓународното здружение на алергологија и клиничка имунологија. Автор е на бројни стручни и научни трудови. Одликуван бил со награди и признанија, меѓу кои: Орден на трудот со златен венец, наградата „13 Ноември“ и Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Родени во 1923 година
- Луѓе од Скопје
- Починати во Скопје
- Починати во 2014 година
- Македонски универзитетски професори
- Македонски декани
- Македонски пулмолози
- Југословенски универзитетски професори
- Југословенски декани
- Југословенски пулмолози
- Професори на Медицинскиот факултет - Скопје
- Апсолвенти на Белградскиот универзитет
- Добитници на наградата „13 Ноември“